verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ретроградно, оцрнувачко и опасно четиво

on 7 - 12 - 2016       

zurnal

[Рецензија: ФОТО: Прво отворија штаб во џамија, а сега развејаа албанско знаме на митингот на СДСМ во Крива Паланка]

Хистерија! Како поинаку да се нарече текст кој, како и стотина слични на него, стокмени во еден центар, а „фотокопирани“ низ десетици медиуми, „урлаат“ со сета сила на какво било споменување на терминот Албанци, или, пак, присуство на албански знамиња на митинзите на опозицијата. Неважна е вистинитоста, коректноста и конечно импактот што ваквите производи го имаат врз публиката, битно е само да се продаде „ветер и магла“, по секоја цена, макар таа и била исклучително висока. 

1111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Прво отворија штаб во џамија, а сега развејаа албанско знаме на митингот на СДСМ во Крива Паланка

 Датум и време на објавување: 06.12.2016,  22:55

 Датум на рецензирање: 07.12.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ЕТНИЧКА ХИСТЕРИЈА

Да разјасниме, ова е крајно ретроградно, оцрнувачко и опасно четиво, кое во 21 век во држава кандидатка за членство во ЕУ и во НАТО зборува за балисти, христијански градови, селење на население… Изненадува леснотијата со која некој си игра со запалива материја, особено во сензитивен период како што се избори. Кампања со силен националистички набој дополнително добива интензитет низ ваквите написи за кои никој, ама баш никој, не може да нè увери дека се резултат на чисто новинарско размислување.

Прво, затоа што и не се текстови кои можат да се квалификуваат за професионални и, второ, затоа што е очигледна тенденцијата за оцрнување на опозицијата на начин безмалку ист како што тоа го прави владејачката партија. Се користи сè и сешто, во конкретниот случај едно албанско знаме на опозициски собир во Крива Паланка и ете го врвниот доказ дека се подготвува „предавство на државата, националните интереси итн, итн…“ Притоа нема никакви кочници, воздржување од формулациите што се користат:

„Балистот Зоран Заев и неговите изјави за двојазичност на целата територија на Република Македонија и федерализација на државата како следна фаза ги подгреа албанските екстремисти во државата и дијаспората, а албанските знамиња на митинзите на СДСМ станаа редовен декор“.

Во написот се препознаваат елементи на партиски диригирано четиво оти тезите во него и пораките од власта се исти. Ианку, во изминатиов период се изнагледавме какви сè не работи кои можеше да се перципираат како предавство на интересите на државата, но моќната машинерија за односи со јавноста на власта, тоа го одмолчуваше или спинуваше, исто како што и сега ја спинува приказната со Заев, СДСМ и со Албанците.

 

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ

Друг проблем се и двојните стандарди. Ако има албански знамиња на опозициски митинг, тогаш тоа е најава за федерализација, а тоа што има, на пример, српски, турски знамиња, а понекогаш и руски барјаци на собирите на владејачката партија е патротизам. Приказни за мали деца. Па, ако има Албанци на опозициските настани зошто тие да не го истакнат знамето на нивната заедница, како што тоа го прават и Србите и Турците и другите?

„Но, ова не е прв пат СДСМ да ги провоцира и понижува грашаните на овој речиси стопроцентен христијански град. Пред месец дена, односно пред почетокот на кампањата информиравме дека СДСМ Крива Паланка отвори Централен изборен штаб во импровизираната џамија за која се залагаше Мухамед Зекири, а која беше финансирана со крвавите пари од радикалните исламисти“.

Имало џамија или  не? Или, пак, накаков објект што опозицијата го искористила привремено за изборни потреби? Нејасно е, нели? Но, во крајна линија, каква врска имаат просториите, дали тоа треба да биде некаков факт што ја докажува т.н. „антидржавна“ политика на СДСМ со радикални елементи. Небулоза!

„…Ги окуражија албанците и нивна можна миграција на истокот од државата, територија со 90% македонско население“.

Кои се овие термини за чисто население, за крвави исламистички пари, за миграција на Албанците кон Источна Македонија која е со 90% македонско население?

Никакви аргументи, никакви реални докази, уште помалку извори на информации на кои читателот може да им верува или, пак, именувани соговорници. Напротив, една фотографија злоупотребена за црни изборни цели – клевети го противникот, фали се себеси, а притоа пропагирај етничка хистерија за ширење на Албанците на истокот од Македонија.   

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести