verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозен и навредлив материјал

on 7 - 10 - 2016       

maktel

[Рецензија:ИНЦИДЕНТ ВО КАФУЛЕТО ЛАЈКА ВО СКОПЈЕ: Режимското ку..онче Бетмен Велит фатил да го брани Грујо и ВМРО ДПМНЕ на маса со пријатели на Трендо, Логин Кочишки го измлатил како магаре]

 

Материјалот пред нас е тенденциозен и натежнува од навреди кон личноста што се споменува. Од бројни информации на социјалните мрежи, изборот токму на овој наводен инцидент, дополнително „зачинет“ со вулгарности и со коментари, јасно кажува каква намера има објавата што ја рецензираме. Нејасно е зошто овој „настан“, воопшто, е третиран како важен за пошироката публика и каков е јавниот интерес од ваквата „вест“?

maktelЛинк до оригиналниот напис: ИНЦИДЕНТ ВО КАФУЛЕТО ЛАЈКА ВО СКОПЈЕ: Режимското ку..онче Бетмен Велит фатил да го брани Грујо и ВМРО ДПМНЕ на маса со пријатели на Трендо, Логин Кочишки го измлатил како магаре

Датум и време на објавување: 04.10.2016 ,  23:57:44

Датум на рецензирање: 6.10.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ПРИМИТИВИЗАМ

Воведот, односно главата на текстот, го издвојува инцидентот како главен настан кој се раскажува на социјалните мрежи, што во основа претставува субјективна интерпретација. Веќе во следната реченица е евидентна политичката пристрасност на објавата.

„Дознаваме дека инцидентот се случил кога Бетмен фатил упорно да го брани Груевски и ВМРО ДПМНЕ, на што имало негодување од присутните да престане и да замолчи да не квари расположење“.

Клучното прашање што се поставува е зошто на читателот би му била важна наводната тепачка за која се раскажува во написот? Не само што случката е небитна за пошироката јавност, во нејзината презентација се користат недолични зборови што е недозволиво во етички исправното новинарство.Членот 11 од Кодексот на новинарите јасно укажува дека:

Новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија. 

Откако завршува прегледот на инцидентот, за кој единствен извор на информации се социјалните мрежи, фокусот се шири и кон други личности.

„Бетмен изгледа заборавил дека снаа за брат на Логин, Анета Кочишки лежеше 3 години затвор по затворањето на А1 како една од директорките во телевизијата“.

Од текстот не се гледа дека е направен обид да се контактираат лицата за кои се пишува, што, исто така, не е во согласност со професионалните стандарди. Станува збор за лица кои не се државни функционери и кои не ги трошат народните пари, па нивното однесување не би требало да ги тангира читателите. Дополнително, не се знае какви последици би имало нивното изложување во јавноста и тоа во дадениот контекст. Дали може да се гарантира дека некој огорчен симпатизер на која било од споменатите политички опции нема да ги нападне именуваните во текстот? Токму ова прашање бара нотирање на членот 7 од Кодесот на новинарите:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес – член 7 од Кодексот на новинари на Р.М.

Фокусот на написот од наводниот инцидент се шири кон затворањето на „А1-телевизија“ и „бистрење политика“:

„А1 беше политички уништена а на сите инволвинарни им беше рокната голема казна со многу години затвор како да убиле човек, ај што добија големи казни, па и додека траеше судскиот процес окапаа во притвор со месеци, како да беа терористи од ИСИС!“

Коментарите во продолжение ја потврдуваат политичката пристрасност и едностраност:

„На режимот му требаше таква жестока пресметка за да ја уништи телевизијата а и да се одмазди на Велија но и за да прати порака до останатите бизнисмени, да внесе страв во коски за да му се плашат, и навистина од 2010-та па наваму 6 години, освен Заев и Фијат Цановски и донекаде Андреја Јосифовски од Макпеторл никој друг од бизнис фелата не се осмели да му мрчи на Грујо…“

На крајот, текстот повторно се навраќа на тепачката со потсетување на еден претходен инцидент со истиот „актер“ и завршува со уште една навредлива порака:

„Сега втор пат Бетмен јаде ќотек поради ВМРО ДПМНЕ, ама бранејќи го… ЈБГ, чудни се патиштата за некои изгубени муви го…арки…“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести