verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецелосна, еднострана и несеопфатна вест за Осломеј

on 7 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-64-rtm-http___al-mrt-com-mk_node_34718

Напис: Кичевo, студија за модернизирање на термоелектраната Осломеј

Презентацијата за модернизација на термоелектраната во Осломеј ги предвидува мерките за намалување на загадувањето, начинот на транспортирање на јагленот од трети земји и неговиот квалитет, што ќе ги намали и количествата на испуштени гасови.
Според оваа студија, термоелектраната Осломеј ќе троши околу 350.000 тони ќумур траспортиран преку железничка линија или по земјен пат и од ова количество јаглен се очекува да се обезбедат 800 мегават-часови електрична енергија.
Заменик-директорот на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани, вели дека термоелектраната во осломеј, во недостиг на јаглен во последните години не функционирала со полн капацитет, затоа овие интервенции предвидени со овој проект се неопходни.
По презентацијата на оваа студија, на која учествуваа и претставници од Општина Кичево, невладини организации и експерти на ова поле, следуваше дискусија за повеќе прашања од еколошки и социо-економски аспект на овој проект, кој сперед проценките ќе го обезбеди функционирање на термоелектраната во Осломеј за наредните 30 години.
Шабан Далипи

[Рецензија: „Кичевo, студија за модернизирање на термоелектраната Осломеј“]

Презентацијата за модернизација на термоелектраната во Осломеј ги предвидува мерките за намалување на загадувањето…“ Ова е напишано во воведот на еден напис кој загадувањето, во овој случај елемент од јавен интерес, го покрива само со овие зборови. Не е земена предвид загриженоста на сите опфатени страни. Модернизацијата и функционирањето на термоелектраната се предмет на написот, но претпријатието за кое се зборува е единствениот извор. За напис кој третира една таква тема, еден извор не е доволен.

mtv-2-kercove-studim-per-modernizimin-e-termocentralit-te-osllomese-1Линк до оригиналниот напис: „Кичевo, студија за модернизирање на термоелектраната Осломеј

Датум и време на објавување: 29.09.2016, 16:21

Датум на рецензирање: 02.10.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Написот е фокусиран на дебатата за пронаоѓање решение за подобро функционирање и со полн капацитет на оваа термоелектрана во иднина. Очигледен е индиректниот пристап кон проблемот. Не се наведува зошто се потребни овие промени, зошто токму сега се пишува една таква вест? Нема ни податоци за актуелното функционирање на термоелектраната и последиците од истото.

„Презентацијата за модернизација на термоелектраната во Осломеј ги предвидува мерките за намалување на загадувањето, начинот на транспотрирање на јагленот од трети земји и неговиот квалитет, што ќе ги намали и количествата на испуштени гасови“.

Кога се работи за термоелектрана која се наоѓа помеѓу неколку населени места, освен за потребата за модернизација, новинарот не смее да дозволи да не го третира прашањето и од еден друг аспект, начинот на кој функционирањето на темоцентралата се опишува од експертите и од аспект на можната штета што им се нанесува на жителите, првенствено од здравствен аспект, а потоа и на околината. Тука зборува само претпријатието и никој друг.

„Заменик-директорот на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани, вели дека термоелектраната во Осломеј, во недостиг на јаглен, во последните години не функционирала со полн капацитет, затоа овие интервенции предвидени со овој проект се неопходни“.

Нема ни збор дали во оваа дебата се дискутирало и за прашањето на загадувањето што го прави оваа термоелектрана. Во тој случај, ова прашање требало да го постави или да го отвори новинарот. Тој, барем, требало да се обиде да дојде до некаков одговор. Дали оваа термоелектрана ги почитува законите и прописите за поставување на филтри, колку микрочестички се емитираат во воздухот што го дишат жителите на околните населени места и што велат за ова лекарите гледано од здравствен аспект? Во овој текст одговори за овие прашања нема да најдете.

„По презентацијата на оваа студија, на која учествуваа и претставници од Општина Кичево, невладини организации и експерти на ова поле, следуваше дискусија за повеќе прашања од еколошки и од социо-економски аспект на овој проект, кој сперед проценките ќе го обезбеди функционирањето на термоелектраната во Осломеј во наредните 30 години“.

Не е од голема важност да се знае кој присуствувал на дебатата, кога веќе не се пренесува ништо за проблемите и за главните предизвици за кои се дискутирало. Прашањето дали ТЕЦ-Осломеј ќе успее да преживее и во наредните 30 години е на место, но се поставува и прашањето колку ги исполнува законските услови за да продолжи со работа. Овие одговори, исто така, нема да ги најдете во текстот.

Етички кодекс:

  • Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.

  • Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.

     


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести