verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстовите на социјалните мрежи не се вести

on 3 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Фејзи Хајдари и Исен Салиу од весникот ЛАЈМ со пријатели на Мијалков, вели Зиадин Села]

 

Социјалните мрежи се дополнителен простор за искажување мислења или, пак,  за да се даде информација. Но, за да добијат тежина на вест, овие информации треба да се проверат. Уште повеќе кога се работи за тешки обвиненија, иако доаѓаат од јавни личности.

Fejzi Hajdari dhe Isen Saliu nga gazeta LAJMЛинк до оригиналниот напис: Рецензија: фејзи Хајдари и Исен Салиу од весникот ЛАЈМ со пријатели на Мијалков, вели Зиадин Села

Датум и време на објавување: 27.07.2015

Датум на рецензија: 28.07.2015

Ресензент: Aдриан Керими

Веста што ја рецензираме се однесува на ставот на градоначалникот на Струга, кој на својот профил на „Фејсбук“, пишува дека сопственикот и главниот уредник на дневниот весник „Лајм“ се пријатели со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Најпрво, објавувањето на ова соопштение во вид на вест не ги исполнува елементите на една професионална вест. Изјавата на само една страна не потврдува ништо, а таквата информација не објаснува зошто е дадена таа изјава и секако во овој напис не се наоѓаат спомнатите страни.

Претставена на овој начин, веста е тенденциозна и има цел да ги извалка наведените лица.
Насловот е нејасен, текстот почнува парафразирајќи го градоначалникот на Струга, Зијадин Села, а во истиот параграф новинарот се надоврзува на еден друг настан, кој, според него, ја предизвикал реакцијата на градоначалникот на Струга. „Градоначалникот на Струга, Зијадин Селам на едно свое постирање на Фејсбук, реагирал на еден на напис во весникот Лајм, во врска со убиството на Аргетим Асани во Струга“.

„Бидејќи сум јавна личност, не треба да ги држам во тајност од јавноста, а исто за на сопственикот на весникот „Лајм“, Фејзи Хајдари да му биде јасно колку ми е познат починатиот. Во тој случај да му одговорам јавно! Го знам колку што го знам и едно лице од Куманово. Верувам дека се сеќавате, пред една година, кога вие заедно со, за мене почитуваниот новинар Исен Салиу, ме побаравте на телефон за да се сретнеме во Струга, и јас со задоволство прифатив. Кога дојдовте, заедно со вас беше и едно трето лице, кое што јас не го познавав, а за кого, во текот на разговорот ми рече дека е ваш пријател и пријател на Мијалков. Држи го пријател за себе, Фејзи Хајдари, бидејќи кај мене проработува генот и по автоматизам ме оддалечува од такви пријатели“

Новинарот може да се обиде да направи вест од некои објави на социјалните мрежи, но текстот не може да се потпира само на нив за да биде вест, уште повеќе кога не е претставен и ставот на другата страна во неа. Ниту сопственикот Фејзи Ајдари, ниту главниот урденик на весникот „Лајм“, Исен Салиу, не ги искажале своите ставови за овие обвиненија во текстот. Во оваа вест авторот не информирал според професионалните новинарски рамки и во текстот се забележува целосна едностраност. Освен ова, новинарството нè учи дека насловите не треба да бидат тенденциозни или сензационални.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

тие се лични ставови

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести