verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Што е промоција, а што е информација во овој напис

on 3 - 08 - 2015       

ggggg-09876-098-investicii-printskrin-crop-resize

 

[Рецензија: Владата се бори за секое работно место: Со новата инвестиција до 1000 нови вработувања]

 

Имаме реклама за Владата, за која не знаеме дали е бесплатна или е веќе фактурирана. Лошото е што маркетинг-елементот е вклопен во рамките на текст кој претендира да биде новинарски. Затоа дилемата е што е промоција, а што е информација во овој напис.

ggggg

Линк до оригиналниот напис: Владата се бори за секое работно место: Со новата инвестиција до 1000 нови вработувања

Датум и време на објавување: 30.07.2015, 14:10

Датум на рецензирање: 31.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„СО ВЛАДАТА НАПРЕД“

Нема што, ударнички е запнато да се испофали Владата и нејзините „дострели“ во делот на привлекување странски инвестиции. Во „морето“ делегации, писма со намери, договори и камен-темелници во „обновената надградба“ на земјава, се појави и ново-стар инвеститор – „ОДВ Електрик“. Супер, луѓето сакаат дополнително да вложат во Македонија, да вработат луѓе… Ама, зошто мора основната информација да се извалка со подлизуркување и со воспевање на власта, затоа што формулациите се чини како да се од времињата од „Среќна нова ’49“, а не од актуелнава 2015 година. Да разјасниме, нема дилема, материјалот содржи вест и тоа издржана, ама таа е контаминирана со несоодветен промо-материјал или, подобро кажано, класична политичка реклама – „Владата се бори“

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст… – член 6 од Кодексот на новинари.

Насловната конструкција: „Владата се бори за секое работно место: Со новата инвестиција до 1000 нови вработувања“ сигурно не го задоволува овој критериум. Поблиску е до пропаганда, отколку до коректен наслов.

 

МНОГУ ОД ВЛАДИНИТЕ ЧЕЛНИЦИ, МАЛКУ ОД ИНВЕСТИТОРОТ

Друга работа што боде очи е што текстот е буквално претрупан со изјави од челниците и од функционери на Владата, а многу малку простор, пак, е оставен за странскиот инвеститор самиот да каже и да ја објасни својата идеја. Значи, премиерот си се фали самиот и неговиот труд, донекаде истото го прави и директорот на ТИРЗ – двајцата повеќе зборуваат за инвестицијата од самиот инвеститор. Нормално, истовремено најавувајќи нови слични „ударнички“ проекти. А и она малку време што во написот е издвоено за странскиот директор е, пред сè, делот од неговата изјава во која тој ја фали Владата. Значи, фалби на сите страни. Повеќе за вработувањата зборува власта, отколку оној што самиот треба да вработува. Уште еден елемент што не треба да се изуми е непрецизноста присутна во материјалот и тоа во сегментот на вработувањата – се вели дека компанијата планира етапно да ангажира 1.000 лица. Во колку етапи, на колкав период, две или три години, или повеќе? Нема одговор на овие прашања. Плус, оваа фирма е веќе присутна во земјава со, како што се вели, повеќе од 130 вработени и оттука е нејасно дали во вкупна бројка од 1.000 ќе влезат и веќе постојните вработени.

Гледате, некои од клучните сегменти не се докрај објаснети, ама затоа јасно и со прокламација како на „барабан“ на публиката ѝ се сипува промо-слоганот дека „Владата се бори за секое работно место“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести