verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст со партиска диоптија

on 25 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

republika

[Рецензија: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата]

 

Површно, паушално и коментаторско – тоа се карактеристиките на овој материјал кој, очигледно, сака на исклучително сложената ситуација да ѝ  даде едно несоодветно поедноставување и обележување на виновникот, притоа искривувајќи ја реалната слика за состојбата. Би кажале – напис пишуван низ партиски очила.

 1111Линк до оригиналниот напис: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата

 Датум и време на објавување: 20.04.2016  14:08 

 Датум на рецензирање: 24.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 УПРОПАСТЕНА  ВЕСТ

Имаме три параграфа, два од нив коректни, ама третиот (заклучокот) – не. Со само една реченица, урнисан е текст што можел да помине како куса, ама солидна информација. Од оваа последна реченица во написот, потоа е извлечен и тенденциозниот наслов: „Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата“, со кој, всушност, целосно е упропастена веста.

Во ред, вест, и тоа голема, е дека опозицијата го условува заминувањето на преговарачката средба во Виена  со исполнување на две барања – повлекување на одлуката за помилување на политичари и свикување седница на Собранието на која би се одложиле изборите закажани за 5 јуни. Ама, секако, не е информација, барем не веродостојна и проверена, тврдењето, или попрецизно финалниот коментар:

„По оваа прес-конференција на Заев сосема е јасно дека тој и СДСМ бегаат од разговори во Виена и нивната цел не е решавање на кризата туку нејзино продолжување и продлабочување.“

Од каде ваквиот заклучок? Врз основа на што се тврди дека опозицијата сака продлабочување на кризата? Факти нема, исто и аргументи, извори не постојат, ги нема ниту вообичаените „дознаваме“„доверливи извори“, „партиски брифери“, „анонимни дипломати“… Со други зборови, нема какви било реални докази, интерпретирани низ новинарските алатки, за да се поткрепи сериозната, но и опасната формуалција насловот, дека „СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата“. Оттука, вистинитоста е разјадена однатре.

Текстот имал можност да се постави на здрави основи – на тоа што лидерот на опозицијата го изјавил и потоа да се развива приказната. Можело дополнително да се праша во СДСМ што значи таквиот нивни потег, дали, ете, го опструираат процесот, вршат притисок врз власта итн., па врз база на добиените одговори да се гради четивото, да се побара мислење од Европската комисија, како иницијатор на виенската средба, па ставови на експерти, за тие да го протолкуваат потегот на врвот на опозицијата.

А не вака, од нигде никаде залепено обвинување кое се „потпира“ на воздух, односно виси само по себе…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести