verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сендвич од Единбург „сликан“ на собирот од ГДОМ!

on 25 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sendvich

[Рецензија: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ]

 

Кога еден текст шири невистини, тоа нема никаква врска со новинарството. Таков е и овој напис. Искористувајќи фејсбук-статус, направена е вест, без притоа да се потврди или да се провери. Сето тоа е замешано со коментар и се добило ваква „каша“, каква што имаме за рецензија.

sendviciЛинк до оригиналниот напис: Контрадемонстрантите незадоволни од сендвичите што се делеа денес на собирот од ГДОМ

Датум и време на објавување: 21.04.2016

Датум на рецензирање: 25.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕТОЧНА ВЕСТ

Фотографијата и статусот се земени од „Фејсбук“ и од тоа се прави информација која треба да омаловажи една политичка партија и нејзините приврзаници. Сепак, мора да се каже дека ова е невистинита вест. Ваков сендвич не бил делен во автобус.

При проверката низ интернет, може да се забележи дека оваа фотографија е објавена на 3 мај 2015 година во „Стар“ (thestar.com). Текстот со наслов: „Фото од тажeн шкотски сендвич се шири вирално“ (Photo of sad Scottish sandwich goes viral), обработува информација за тоа какви сендвичи се продаваат во еден ресторан на аеродоромот во Единбург (Шкотска). Приказната е за сендвич купен од аеродромски ресторан, чиј муштерија потоа се пожалил.

Со тоа е прекршен член 1 од Кодекост на новинари:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Иако на социјалните мрежи веднаш беше демантирана ова вест, нема нов текст со исправка. Со тоа е прекршен и член 3 од Кодексот на новинари.

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

Текстот е без потребните елементи што треба да ги има секој ангажиран новинарски напис. Нема изјави, не е објективен и воопшто не е содржаен. Само од фејсбук-статус не може да се изгради приказна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести