Вест без вест
Објавено во Рецензии
on 25 - 04 - 2016 Автор: Fatlume DervishiНапис: Огромен крст на излез од Скопје
На 12 април се навршија четири години од масакарот кај Смиљковско Езеро што ја потресе Македонија. Семејствата на убиените момчиња, Кире, Филип, Александар, Цветанчо и Борче и понатаму се во жалост.
Настанот се случи во 2012 година, кога во Смиљковци, момчињата на возраст од 18 до 21 година од населба Радишани, биле излезени на излет. Во населба Радишани е поставен еден крст во спомен на трагичниот настан.
Инаку, за убиството на овие млади момчиња се обвинуваат невини и во затвор се држат Албанци, од страна на поранешната министерка Гордана Јанкулоска наречени исламски терористи .
Поради тоа се изврши една спектакуларна полициска акција каде албанските жени беа уапсени пред камери од страна на македонските полицајци како да се криминалци. Има сомнежи дека овој случај е политичка монтажа од владата на Никола Груевски.
[Рецензија: „Огромен крст на излез од Скопје”]
Сензационалните и бомбастичните наслови се непрофесионална практика поради нивното несовпаѓање со реалноста. Со ваков манипулативен наслов, освен информирањето, оваа вест има и друга цел.
Линк до оригиналниот напис: „Огромен крст на излез од Скопје”
Датум и време на објавување: 17.04.2016
Датум и време на рецензирање: 18.04.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Дека насловот манипулира, потврдува самиот факт што нема за цел објективно да информира, туку провоцира. Во меѓувреме, во текстот читателот не разбира за што точно се зборува, нема детали за тоа кога и од кого е поставен крстот. Употребената слика е аматерска, нема снимки, ниту други податоци. Авторот не отишол на местото на настанот, не интервјуирал ниеден жител и не истражувал од ниеден друг аспект. Фотографијата на крајот од текстот, е од еден друг крст, многупати поголем од тој за кој информира авторот, значи и во овој случај, се прави обид за манипулација. Текстот е делумно преведен од неколку македонски медиуми (1,2,3,4) кои, исто така, немаат некој податок повеќе.
„Настанот се случи во 2012 година, кога во Смиљковци, момчињата на возраст од 18 до 21 година од населба Радишани биле излезени на излет. Во населба Радишани е поставен еден крст во спомен на трагичниот настан“.
Дел од текстот е ретроспектива на настани од пред четири години за петкратното убиство, а не заостануваат ни коментарите од авторот претставени како факти.
Недостигот од извори го прави текстот нецелосен. Во вториот дел од текстот, што е оригиналниот дел од текстот што го рецензираме, не се покажува ни до кој степен е истрагата за случајот „Монструм“, туку се носат заклучоци и сомнежи од самиот автор, кој случајот го смета за монтиран.
„Поради тоа се изврши една спектакуларна полициска акција каде албанските жени беа уапсени пред камери од страна на македонските полицајци како да се криминалци. Има сомнежи дека овој случај е политичка монтажа од владата на Никола Груевски“.
Сето тоа што го содржи текстот е обид за провокација. Според Прирачникот за етика во новинарството, новинарот е обврзан да ја смири ситуацијата, а не да провоцира.
Новинарот треба да биде свесен за етнички, културни, верски и сексуални чувствителни теми и да ги третира во согласност со тоа.
Може да се констатира дека еден таков наслов бил намерен. Знаејќи го досегашниот тек на настаните, авторот знаел дека еден „огромен крст“ отсекогаш бил почетна точка за тензии. Затоа, овој наслов можеби му донел на написот поголема читаност, меѓутоа, долгорочно, ваквите вести може да ја оддалечат јавноста од медиумот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
Ниту еден извор
Ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
Поттикнувачки говор
потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови