verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Спонтана“ пропаганда

on 29 - 07 - 2016       

iNFOMAX.mk_

[Рецензија:СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум!]

Пред нас имаме објава со јасно изразени елементи на политичка пристарсност и таа е целосно ставена во функција на промоција на поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, Никола Груевски. На прошетката на семејството Груевски ѝ е дадена толкава важност што е направена фотосторија, иако големо прашање е дали прошетката на поранешниот премиер со сопругата и со двете ќерки, воопшто може да биде  информација значајна за јавноста. За да не бидеме престоги,  „настанот“, евентуално, би можел да се регистрира со една куса фото-фест. Но, никако не заслужува да се пласира фотосесија искобинирана со воспевачка содржина:

„Тие го привлекоа вниманието на посетителите и заедно се фотографираа со граѓаните кои изразија желба“.

Тоа веќе не е новинарство, туку пропаганда.

СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА Лидерот на ВМРО ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум!

Датум и време на објавување: 23. 03.2016

Датум на рецензирање: 27.07.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

СЕ ШЕТАЛ ГРУЕВСКИ СО СЕМЕЈСТВОТО, ПА ШТО?!

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по завршувањето на целодневната работна агенда низ Охрид и охридскиот крај, при што промовираше и изврси надзор на реализацијата на повеќе проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и оствари средби со граѓани, попладнето го искористи и за прошетка со семејството“.

И, што има тука интересно и важно за пошироката јавност? Ништо!

Изворот на фотографиите од семејството Груевски, со кои е илустриран текстот, не е наведен. Тоа, пак, го наметнува прашањето дали партискиот лидер е спонтано фотографиран или фотосесијата била договорена? Дали фотографиите потекнуваат од приватна или партиска архива? Од каде да знае читателот дека текстот заедно со фотосесијата од прошетката не се партиско-промотивен материјал?

Членот 6  од  Кодексот на новинарите е прецизен дека:

Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.

Но, наспроти професионалните норми, во конкретниот случај  се добива впечаток дека се работи за промотивен материјал на владејачката партија (нејзиниот лидер). А, имајќи предвид дека на фотографијата има и деца, во прашање е доведен и членот 9 од новинарскиот кодекс:

Новинарот не смее да интервјуира или да фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето.

Гледано во целина,  имаме непрофесионална објава која во голем дел не содржи информации што би биле корисни за пошироката јавност. Дури и тврдењата дека има зголемен број туристи и зголемени девизни приливи искажани во финишот на овој квази-папарацо текст, а кои би биле информации од јавен интерес, се непроверени и непотврдени.

„Инаку, оваа година градот е преполн со странски туристи, од голем број на земји и домашни туристи од повеќе градови од државава.

Има и зголемен девизен прилив за туристичките работници, како и раст на авио-летовите со кои Охрид се поврзува со останатите региони и држави“.

За ваквите тврењеа не се нудат докази ниту, пак, се посочува изворот на информациите. Од написот не може да се разбере кој го вели ова? Од каде се овие информации? Дали е направена проверка на девизните приливи пред да се затвори фискалната година и тоа среде туристичка сезона?!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести