verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Речник и комуникација под секое ниво

on 29 - 07 - 2016       

maktel 1

 [Рецензија: Грујовата пудлица го попуши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е недоличен и користи навредлив речник, кој се граничи со примитивизам, што е спротивно на професионалните новинарски и етички норми.

МактелЛинк на оригиналниот напис: Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД 

Датум и време на објавување: 23.07.2016

Датум на рецензирање: 28.07.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАВРЕДЛИВ ГОВОР НА ГРАНИЦА НА ПРИМИТИВИЗАМ

Она што е најспорно во овој текст е насловот и првиот пасус. Имено, тие содржат навреди и недолични зборови, кои не доликуваат за еден новинарски напис.

„Грујовата пудлица го по..ши… Стан во Менхетен на продажба, криза кај спознорушите во САД“

Која е поентата на вакиот наслов? Освен што е употребен недоличен говор за да се навреди споменатата личност, друга цел нема.

Истиот начин на изразување продолжува и во првиот пасус во текстот.

„Исчуре Грујовото пудличе… Цел свет прошета во промотивна кампања, прееба пола милион евра за хотели и авионски карти, и никому ништо“

Покрај навредите, написот содржи и обвинувања, без притоа да понуди цврсти аргументи и докази за нив. На читателот му се посочува дека Керим потрошил половина милион евра за хотели и за авионски билети, а не нуди одговор од каде е извлечена таа сума, постојат ли докази за тоа и ако информацијата е точна, треба да одговори на прашањето, чии пари потрошил Керим.

Ништо од ова го нема како информација во текстот. Не е посочен ниту изворот на информацијата, поради што напишаното е неверодостојно.

Написот прекршува неколку члена од Кодексот за новинари.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)

 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (Член 4)

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

 

КЕРИМ НЕ Е ИЗЛЕЗЕН ОД ТРКАТА

Она што, исто така, е спорно во текстот, е тоа што во него се тврди дека македонскиот кандидат за генерален секретар на ОН, излегол од трката за прв човек на оваа организација. Притоа, текстот се повикува на  информацијата што ја пренесе друг медиум и ја пласира без дополнително да ја провери барем од уште еден извор.

„Членовите на Советот за безбедност на Обединетите Нации исклучиле шест од 12–те кандидати за прв човек на организацијата, објави ТВ21“.

Наспроти ваквата (дез)информација, истиот ден во дел од медиумите можеше да се прочита веста дека  „Срѓан Керим влезе во потесниот круг за избор на нов генерален секретар на Обединетите нации“ Од интевјуто на Керим, дадено за една телевизија, како и од тоа што досега беше објавено околу изборот на нов генерален секретар на ОН,  македонскиот кандидат не е излезен од оваа битка.

Според  табелата објавена на „Википедија“, Керим се наоѓа на шестата позиција, со девет охрабрувачки гласови. Процедурата за избор е таква што  Советот за безбедност во оваа фаза дава само мислења за сите кандидати, а понатаму се очекува од нив самите да се откажат, доколку добиле повеќе негативни од позитивни мислења. Сите кандидати, освен оние кои ќе се откажат, влегуваат во изборот на генерален секретар, кој го избира Генералното собрание, а голема улога при изборот има претходнот изјаснување на Советот за безбедност за секој од нив.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести