verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Соработниците на министерот Наќе Чулев не биле упасени никогаш

on 9 - 03 - 2020       

Илустрација

Дезинформациите, предизвикувањето паника во јавноста и непроверувањето на вестите се индикации за неетичност и непрофесионализам во медиумите. Вестите треба да бидат проверени со цел да се избегне збунетост и страв во јавноста дека се случува нешто големо кога ништо не се случува. Написот што го разгледуваме е пример за тоа како не треба да се прави вест

Фотографија од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис: „Последна вест: Полициска акција, уапсени соработниците на министерот Наќе Чулев“   Lajm i fundit: Aksion policor, po arréstohen bashkëpunëtorë të ministrit Naqe Çulev

Датум на објавување: 06.02.2020

Датум на рецензија: 12.02.2019

Рецензира:  Наиле Даути

Написот што го разгледуваме е преземен од друг портал и таков е оставен, „копи-пејст“. Не е направен ниту еден обид да се потврди или да се демантира веста од сигурни извори.

„Според некои македонски портали, во тек е голема акција на полицијата. Според нив, досега се уапсени четворица соработници на техничкиот министер, Наќе Чулев, пренесува ‘Газета Лајм’. За нив се тврди дека откриле податоци со полициски тајни и им ги конфискувале нивните мобилни телефони и лаптопи“, се вели во текстот што го разгледуваме.

Недостигаат извори

Информацијата не е точна, а ја демантираше и министерот за внатрешни работи. Информацијата има сериозен недостиг на извори и освен тоа што се повикува на македонски портали, нема обид од авторот на статијата да потврди дали настанот всушност се случува. Вестите од ваков вид, во принцип, се многу лесно проверливи. Доволно е да се побара изјава на портпаролот во Министерството за внатрешни работи, а доброто што би се сторило во овој случај е тоа што шпекулациите измислени од други медиуми би биле елиминирани. Но, дури и да не може да се земе изјава или да одбијат да дадат информации, како што нè поучува Кодексот на етика на новинарите, тоа треба да се спомене.

„Ако информацијата не може да се потврди или ако се работи за претпоставка или шпекулација, треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се провери колку што е можно“, се наведува во првиот член од Етичкиот кодекс на новинарите.

Несоодветен наслов

Насловот на веста (Најнова вест: Полициска акција, соработници на министерот Наќе Чулев се уапсени), е несоодветен и скандалозен. Насловот го дезинформира читателот, го доведува во заблуда и постигнува други цели, неприфатливи во однос на основните стандарди на новинарската етика. Насловот на веста заедно со фотографијата се магнети за привлекување читатели и многу е важно правилно да се користат, за да се биде коректно.

Манипулација преку немање спротивен доказ

Само затоа што информацијата ја објавиле некои портали, не значи дека е вистина. Сè додека информацијата не е потврдена или ако ова не се обидува да го направи авторот што објавува вакви информации, тогаш останува само клевета. Немањето на спротивни докази, од небрежност или намерно направено, не го прави настанот вистински и како таков останува во контекст на клевета и манипулација.

Овие техники на манипулација може да ги најдете на линкот што ќе ве одведе до прирачникот КриТинк.

За читателите

Ваквите вести не се однесуваат на професионалното новинарство. Сè додека една вест нема веродостојна потврда и извор на информација, мора да бидете резервирани за нејзината вистинитост или да не и верувате. Сигурно, тоа е тешко за читателот, затоа што наместо медиумите да бидат сигурен прозорец на информации, некои ја злоупотребуваат благородната улога и ја претвораат во прозорец на забуна. Затоа, ако наидете на вакви вести, секогаш бидете скептични и резервирани сè додека не се потврди.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести