verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Ексклузивност“ во насловот, демант во текстот

on 9 - 03 - 2020       

Илустрација

Предизборната коалиција помеѓу трите политички партии, Алијансата за Албанците, Алтернатива и Движењето Беса, создаде идеален момент за некои медиуми во Северна Македонија да објават информации кои се повикуваа на непроверени извори. Така се случи и со написот што ќе го разгледаме подолу

TetovaLajm: EKSKLUZIVE: Sela ka bërë ofertë pa konsultuar Kryesinë Qendrore, ndarje dhe pa knaqësi në ASH
TetovaLajm: „ЕКСКЛУЗИВНО: Села направил понуда без да се консултира со Централното претседателство, поделби и незадоволство во АА“

Линк до оригиналниот напис: „ЕКСКЛУЗИВНО: Села направил понуда без да се консултира со Централното претседателство, поделби и незадоволство во АА“   “EKSKLUZIVE: Sela ka bërë ofertë pa konsultuar Kryesinë Qendrore, ndarje dhe pa knaqësi në ASH

Датум на објавување: 05.02.2020

Датум на рецензија: 06.02.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Ексклузивноста не се заснова на „зборови“ 

Написот беше дистрибуиран под наслов кој го содржи терминот „ексклузивност“, кој кај јавноста ја креира идејата дека станува збор за нова информација и дека е обезбедена само од тој медиум. Меѓутоа, при читањето на текстот се гледа дека дадената информација се потпира на непроверени извори.

Иако во насловот се наведува дека има поделба во АА, тоа не е докажано со ниту еден навод или проверен извор. Сомнежот околу вистинитоста на информацијата што се пренесува дополнително се зголемува со фактот дека во текстот се цитира друг медиум, кој кога го проверивме, се гледа дека последниот напис што го објавил бил на 29 јануари.

„Како што дознава TopAlNews, ексклузивно, Села направил понуда без консултација со Централното претседателство, предизвикувајќи големо незадоволство и во AА. Исто така, како што се дознава внатре во АА, има големи разлики во однос на коалициите, каде мнозинството се за опозициска коалиција, а другите за коалиција со владините партии“ –се вели во текстот што го рецензираме.

Објавувањето на написи кои освен што немаат проверени извори, исто така се пристрасни и небалансирани, е во спротивност и со етичкиот кодекс на новинарите. А за начините за спречување на ефектите од ваквите текстови, може да се најдат практични совети и во друго помагало, прирачникот на „Критинк“ .

За читателите

Таму пишува дека за да се спречат овие ситуации кога политичката моќ се обидува да ја продаде „својата вистина“ како јавно мислење, се препорачува да се создадат логички врски за да се потврдат како идеите, така и изворите на информации.

„Секојдневно многу центри на моќ (политички, бизнис, економски заедници) се обидуваат да „ја продадат својата вистина“, а критичкото мислење ја блокира можноста од манипулација и заведување, т.е. од донесување погрешни судови“, се наведува во КриТинк.

Затоа, пораката до читателите би била да не ги земаат како точни сите информации што се пласираат во медиумите, уште повеќе кога не се повикуваат на проверени извори.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести