verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сокривањето на лошите работи не е информирање, туку дезинформирање

on 17 - 01 - 2017       

Press 24 za snegot

[Рецензија: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен]

 

Претенциозен наслов што ја отсликува основната намера – да се претстави една состојба низ, еве, најблаго кажано, розови очила. Поточно, се пренесуваат само оние информации за ситуацијата во главниот град кои се позитивни, а притоа се изземаат другите, лоши вести. Селективно, нема што!

 

1111Линк до оригиналниот напис: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен

 Датум и време на објавување: 12.01.2017  12:05

 Датум на рецензирање: 16.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески


 

СЕЛЕКТИВНОСТ ШТО БОДЕ ОЧИ

Нема да кажеме дека текстот е невистинит, зашто во него се наведени ситуации поткрепени со изјави или ставови на одредени јавни претпријатија. Но, она што „боде очи“ е што се презентираат само одредени и тоа позитивни елементи од „поларната зима“ во Скопје. Не велиме дека надлежните екипи не работеле, дека не биле на терен, ама сепак не може да се замижува пред реалноста, која баш и не кореспондира со тврдењето дека

„Скопје не потклекнало пред поларната зима…“

За да бидеме коректни, само ќе наведеме неколку написи што зборуваат за поинакви ситуации поврзани со екстремно студената седмица во главниот град од оние што ни се пласираат во текстот.

„Триесетина скопјани секој ден кршат раце и нозе по смрзнатите улици. Министерството за здравсво побарало од болниците да му праќаат извештаи за овие пациенти, но сепак не дава вкупна бројка на повредени. Во текот на вчерашниот ден во специјалната хируршка болница „Св. Наум Охридски“ биле примени 28 пациенти кои се здобиле со повреди откако паднале поради снегот и мразот“. (Плусинфо, 12.01.2017)

„Нерасчистени тротоари, зголемен број на скршеници, нарушени граѓански права – непочитувањето на Законот за јавна чистота е реалност низ улиците. Замрзнати улици, тротоари, паркиралишта, велосипедски патеки – ова е сликата со која се соочуваат граѓаните по снежните врнежи што ја зафатија земјата. Поради нерасчистениот снег и замрзнатите тротоари голем е бројот на граѓани кои се здобија со скршеници“. (Академик, 09.01.2017)

„105 скопјани повредени од уметничкото лизгање по улиците, никој не ги чисти тротоарите“ (Фокус, 09.01.2017)

„Во услови на поларни температури, вчера половина Скопје остана без парно греење. Попладне беше прекината испораката на топлинска енергија во централното градско подрачје и во делови од Карпош, поради голема загуба на вода во дел од мрежата. И додека екипите на дистрибуција со топлина “Балкан енерџи” се обидуваа на терен да го санираат дефектот, скопјани бараа начин да се стоплат во студените домови. Веќе три часа немаме парно, и станот веќе е оладен. Ако не добиеме парно до вечер, јас не знам како ќе ја поминеме ноќта кога надвор ќе биде -15. Тогаш не помагаат ни ќебиња ни јоргани. Немаме друг начин да го згрееме станот. Климата не функционира на олку студено време”, се пожали жител на улица Ленинова“. (Вест, 13.01.2017)

„Ниските температури го “замрзнаа” студентскиот дом во Центар“ (Бриф, 15.01.2017)

Конечна оценка – селективност во рецензираниот текст во огромна доза!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести