verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумот не смее да се користи за лична пресметка

on 17 - 01 - 2017       

Filip Petrovski na Maktel

[Рецензија: ВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!! ]

Текстот што го рецензираме е полн со навреди и со недолични зборови и претставува лична пресметка со функционер на власта, поточно со директорот на Државниот архив, Филип Петровски.

 

МактелЛинк до оригиналниот написВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!!

Датум и време на објавување: 13.01.2017 – 22.48

Датум на рецензирање: 17.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

Написот изобилува со информации кои на читателот му се пласираат на бомбастичен начин како вистинити, иако за нив нема никаква поткрепа ниту, пак, релевантен извор.

„Што се случува со овој човек, зошто забега детево толку?! Каде се еба работата по пат?! Сите други во ДПМНЕ успеаја да направат големи кариери, долги години пратеници, министри, милионери, а Филипче се гребе за мали функции за да преживее па се глупура и се заканува со убиства на фејсбук, си снима сам видеа, се брука и тоне и тоне…“

Поентата на написот е, наводно, да му се објасни на читателот зошто Петровски се заканувал на новинари со убиство, во случајов на сопственикот на порталот каде е објавен овој напис.

Но, тоа се прави на целосно непрофесионален начин. Текстот наликува на личен став и коментар, иако не е потпишан со име и со презиме, туку е ставен во рубрика „Македонија“. Според тоа, ваквиот формат воопшто не му одговара.

„Од она што се зборува низ Скопје, дознавме дека она што сега Филип Петровски овие денови го правел е поради притисокот од неговата сопруга која го сметала за голем лузер.Неговата сопруга му се заканила дека морало да се потруди повеќе за да не банкротираат!“

Чиста шпекулација и чаршиски муабет. Се навлегува во приватниот живот на Петровски, без притоа да се побара изјава од него или, евентуално, од неговата сопруга, бидејќи таа се спомнува во текстот.

„Многу бргу по фијаското со Демократска Десница, Филип Петровски се јавил кај Грујо и Мијалков, понудил да работи за нив, за возврат замолил да му ги исплатат долговите и кредитите и да го постават на некоја функција за да може да зема плата и да рани фамилија. Грујо и Сашо се согласиле да го примат назад, но му ставиле до знаење дека поради нападите како лидер на Демократска Десница и настапите на А1, тој ќе мора цело време да биде најактивен и да рипа цело време во оган, да ги прави прљавите задачи за да ги заработи парите“.

Потврда нема ниту за ваквите информации. Во новинарството се дозволени анонимни извори, но ваквиот термин не смее да се злоупотребува за да се шират непроверени или лажни информации.

Во овој напис прекршени се неколку члена од Кодексот за новинари.

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (Член 16)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

делумно стилски уреден

Претплатете се за најнови вести