verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Слободата на медиумите, како никогаш досега, под контрола

on 12 - 11 - 2014       

Опозицијата  како никогаш порано-crop-resize

Во текстот што е предмет на нашата рецензија се покажува основно непознавање на улогата на медиумите во едно демократско општество и нивната улога на „чувар“ на демократските вредности, поради што во теоријата одамна се наречени и четврта власт. А, за тоа колку има слобода на медиумите во Македонија, авторот на текстот и во редакцијата можат да се информираат во целосно непристрасните и аргументирани последни извештаи на ЕУ и на Франк Ла Ру, но и многу други.*

Опозицијата  како никогаш порано  со најголем број на медиуми под своја контрола   Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Опозицијата, како никогаш досега, со најголем број на медиуми под своја контрола

Датум и време на објавување: 19.10.2014

Датум на рецензирање:  10.11.2014

Рецензент:  Теофил Блажевски

 

„Опозицијата, како никогаш порано, со најголем број на медиуми под своја контрола“,  е класичен коментар со безуспешен обид за аналитички елементи. За жал, многу повеќе е коментирање со вградени спинерски елементи, отколку некаква полупристојна анализа. Во врска со вистинитоста на наводите коментарот, има мал проблем – не понудил за повеќето од наводите ниту еден аргумент, па оттука вистинитоста и веродостојнаста се проблематични.

„Опозицијата од вкупно седум дневни весници под своја директна контрола има пет –  Утрински весник, Вест, Слободен печат, Политико, Нова Македонија.“

Како мисли неименуваниот автор на текстот да полемизира со јавноста со вакво тврдење? Со тоа што „Нова Македонија“ имаше скандал со бркање на претпоследниот главен уредник поради свои ставови изнесени во сопствениот весник? Или со тоа што во „Утрински весник“ се појавуваат текстови како коментари или колумни на некои поискусни наши колеги кои се критички опсерватори на стварноста? Дали можеби саботните колумни на главниот уредник на „Вест“ се доволни да тврди дека опозицијата под своја директна контрола го има и „Вест“? Смешно за упатената јавност. Прво и основно, под своја директна контрола еден весник го има оној што решава за парите – сопственикот. На „Вест“ и на „Утрински“ сопствениците се добро познати, исто како и на „Нова Македонија“ и на „Слободен печат“. Освен на последниов, но дури и за него, не верувам дека кој било од упатената јавност ќе се осмели да тврди дека сопствениците на овие весници се под контрола, и тоа директна, на опозицијата.

Текстот што е предмет на рецензијава нема никава содржајност, а е целосно пристрасен. Авторот не се обидел да појасни или малку подлабоко да навлезе во аргументацијата на своето основно тврдење.

Всушност, главниот проблем е во спинерски поставената теза уште во насловот – има слобода на медиумите оти толку многу биле под контрола на опозицијата. За да разбере јавноста дали е ова така или не, треба многу повеќе аргументација, а не само слободно нафрлени тврдења. Од сопственоста на медиумите, до тоа дали тие си ја извршуваат професионално својата работа, почитувајќи ги притоа етичките стандарди во професијата, па сè до нивното влијание и важност во јавноста. Проблемот на тезите изнесени во овој текст е што тие се екстраполираат и очигледно не се разбира и не се прави дистинкција од тоа што е опозициски, што е проопозициски или провладин, до тоа што е критички медиум.

Па, така, доаѓаме до смешни тврдења дека на „Телма“, „Алсат“ и на „24 Вести“ претставници на опозицијата често биле повикувани како гости во дебатните емисии или на вестите и, секако, најапсурдното, би рекол шеговито тврдење, дека „критички настроени каде можат да се чујат ставовите на опозицијата се и Радио Слободна Европа и Дојче Веле“.

 


* Линкови до споменатите извештаи за Македонија на меѓународно ниво:

  • Европската комисија ја има објавено оригиналната верзија на извештајот за напредокот на Македонија во 2014 на англиски (пдф), додека Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија објави некомплетни преводи (без првите три страници со заклучоци и препораки) на македонски (пдф) и албански јазик (ворд).
  • Извештајот на специјалниот известувач на ОН за унапредување и заштита на правото на слобода на изразување, Франк Ла Ру, е достапен на англиски јазик (ворд) во делот за Македонија на веб-страницата на Високиот комесар за човекови права на ООН.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

повеќето неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува вистината

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести