verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?

on 24 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

http-plusinfo-mk_vest_837_vladata-crop-resize

Написот што го рецензираме е убав пример за тоа како е сѐ кажано во само неколку реда. А, преку линкување на клучните зборови, на читателската публика ѝ е оставено самата да се увери во вистинитоста на објавената содржина.

http___plusinfo.mk_vest_837_vladata-Линк до оригиналниот напис: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?

Датум и време на објавување: 20.10.2014, 14:06

Датум на рецензирање: 23.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

КЛУЧОТ ВО ДВАТА ЛИНКА

Извори на информации во овој материјал се Извештајот за процесот на асоцијација на Република Македонија кон ЕУ и преведениот текст на овој документ објавен на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања.

Всушност, станува збор за куса вест која информира дека:

„Во официјалниот превод на годишниот извештај за напредокот на Македонија, објавен на официјалната страница на владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), ги нема првите страници од оригиналот, кои се всушност заклучоците на Брисел.

Во тие заклучоци се спомнуваат термините backsliding (опаѓање на интензитетот на реформите) и backward (назадување во сферата на медиумите, судството и во други области).“

За одбележување е тоа што во написот се ставени директни врски (линкови) до посочените документи  (официјалниот превод и оригиналот),  за да можат читателите самите да прочитаат и да донесат заклучок дали тоа што се тврди е точно или не.

Според објавите на официјалната веб-страница на Секретаријатот за европски прашања (апликацијата „документи“ што се наоѓа  на средниот дел на главната страница каде може да се отвори Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година), се гледа дека во македонската верзија навистина недостигаат три страници, кои ги има во оригиналот, што укажува на тоа дека преводот и оригиналот се разликуваат.

Па, ваквата „дупка во преводот“, кај авторот на веста буди сомнеж дека  „СЕП практично го фалсификува европскиот извештај“.  Истата поента тој  ја истакнува и во провокативниот наслов:

„Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?“

Сепак, јавноста самата ќе процени дали во верзијата што ја прикажува СЕП има премолчување на важни оценки изнесени во оригиналниот Извештај на Европската комисија. И, дали се работи за бениген или суштински пропуст ставен во функција на креирање на една позитивна слика за правецот во кој се движи државата на патот кон ЕУ. А, клучот за тоа е токму  во двата  линка – техника која, некако, тешко го пробива „мразот“ во македонските медиуми. Така што, приодот и начинот на кој е спакуван и пласиран овој новинарски производ заслужува позитивна рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести