verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација пласирана како целосна вистина

on 21 - 09 - 2016       

 

centarnews

[Рецензија: (ФОТО) ПРОПАГАНДИСТИТЕ ЛАТАС И ИВОНА КУПИЛЕ ДВА НОВИ СТАНА]

Имаме напис кој покажува елементарно непознавање во две категории, односно вест и коментар. Станува збор за класичен политички пристрасен и манипулативен текст, кој не содржи никакви извори и не нуди докази за да ги поткрепи изнесените тврдања, туку претставува чиста шпекулација. Насловот дури и не прашува, туку констатира, што е голем проблем.

latas-i-ivona-stanoviЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) ПРОПАГАНДИСТИТЕ ЛАТАС И ИВОНА КУПИЛЕ ДВА НОВИ СТАНА

Датум и време на објавување: 19.09.2016

Датум на рецензирање: 21.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАФЕАНСКИ МУАБЕТ

Проблематичната вистинитост во најголем дел се должи на крајното отсуство на извори на информации.

„Додека мнозинството граѓани плачат во контактни емисии, некој секој ден ги убедува дека Македонија е Швајцарија. Тоа е овој господин уредник на Вести и бизнисмен. Драган Павловиќ Латас. Додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничко-бизнисменска екипа Латас – Ивона Талевска таложат државни пари на семејно конто“.

Ова е чист коментар, шпекулација, без посочен извор. Доста проблематичен почеток на текстот кој не се труди да остави впечаток на вистинитост, туку ноншалантно пренесува кафеански муабети без „око да му трепне“.

Написот нуди фотографија, која нема легенда и не е објаснето што, всушност, се сака да се посочи со неа. Најверојатно, бидејќи дел од објектот е заокружен со  црвен круг, се алудира на тоа дека, наводно, се работи за становите на Латас и на Талевска. Но, тоа не е јасно кажано.

 

ПОЛИТИЧКО-ПОЛТРОНСКА ОБЈАВА

Задача на новинарот не е да претпоставува, ниту да пренесува рекла-кажала информации, туку да истражува и на читателите да им ја пренесе вистината, поткрепена со факти и со докази, што не е случај со овој текст. Паушалната информација не може да се пренесе како факт, бидејќи така скроениот напис може, на пример, да биде плод на имагинацијата на авторот. Дури кога ќе се понудат два различни извора што ќе ја потврдат приказната, потоа ќе се приложат документи или искази од посочените личности, дури тогаш може да се говори за веродостојна информација.

Со начинот на кој е напишана и пласирана оваа медиумска содржина се прекршени повеќе одредби од  Кодексот на новинари, меѓу кои членот 1, кој упатува на проверка на информацијата најмалку од уште еден извор, како и членот 13 кој укажува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

За крај, многу е невкусно кога се пласира непотпишан, коментаторски текст во кој се одработуваат нечии политички агенди. Таквата содржина не може да се третира како професионален новинарски напис, туку многу повеќе наликува на политичко-полтронска објава.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести