verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација е дека Јанева била во претседателската резиденција

on 19 - 02 - 2020       

[Рецензија: НОВ CKAHДАЛ: Катица Јанева во август тajно била во вилата на Претседателот?]

Медиумите и нивните извештаи се очите и ушите на јавноста за судењето на случајот „Рекет“. Тоа што они го пренесуваат го формира јавното мислење за случајот и луѓето вмешани во него. Па така многу е важно известувањата од судскиот процес да бидат точни, непристрасни и ослободени од каков било сензационализам.

Линк до оригиналниот напис: НОВ CKAHДАЛ: Катица Јанева во август тajно била во вилата на Претседателот?

Датум и време на објавување: 17.1.2020

Датум на рецензија: 18.2.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Снимките од посебните истражни мерки (ПИМ) за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева покажуваат дека во август, возилото на Јанева со неа како совозач, се упатува накај населбата Водно. Па само поради правецот во кој се упатува возилото медиумот донел заклучок дека Јанева тогаш се упатила во вилата на претседателот Стево Пендаровски. Како само тој да живее на Водно!

Со таквиот заклучок сензационалистички пласиран во самиот наслов, со големи букви и со додавката „НОВ СКАНДАЛ“, тенденциозно се манипулира публиката. Насловот е целосно изваден од контекстот во којшто беше кажан податокот на самото судење. Никој во судницата не спомна дека Јанева била на средба со Пендаровски за да се изведе ваков заклучок во медиумските известувања. Тоа што насловот завршува со прашалник не го амнестира од ширење на непотврдени шпекулации и сензационализам.

Претседателската вила се наоѓа во тој дел од градот, но вилата не е единствената куќа во таа област. Па, во најмала рака е несериозно да се донесе заклучок дека Јанева се упатила на тајна средба со претседателот кога за тоа нема никаква потврда или доказ.

Демант за ова тврдење стигна и од кабинетот на Пендаровски од каде велат дека во периодот кога биле на сила посебните истражни мерки, претседателот не живеел во резиденцијата.

Во врска со вашето прашање за ПИ мерките за обвинителката Јанева, ве информираме дека претседателот Пендаровски во споменатиот период – август 2019 не живееше во резиденцијата. Претседателот Пендаровски со семејството живее во резиденцијата од октомври 2019 година, велат од Кабинетот на Претседателот.

Исто така, оттаму истакнуваат дека:

Претседателот Пендаровски никогаш немал средба со јавната обвинителка Јанева ниту пред мај 2019, ниту потоа.

А за тоа како треба да се известува од судски постапки Кодексот на новинари во член 8 е катеогоричен:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

За жал во овој случај е направено токму спротивното и на јвноста ѝ е понуден  шпекулативен производ кој натежнува од тенденциозност и сензационализам.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести