verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мизрахи не е разрешена од министерската позиција зашто е Еврејка

on 18 - 02 - 2020       

[Рецензија: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи!]  Текстот што го рецензираме говори за непостоечки антисемитизам и згора на сè го поврзува со разрешувањето на доскорешната техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Ставањето на двете работи во ист контекст, го прави овој текст спинерски и проблематичен.Рашела Мизрахи не беше разрешена зашто е Еврејка, односно поради нејзината верска или национална припадност. Таа не беше разрешена поради нешто што некој го напишал на Твитер или на Фејсбук, а уште помалку поради антисемитизам. Мизрахи и официјално е разрешена поради упорното и репетитивно непочитување на Уставот и законите, поради што и Грција испрати вербална нота за непочитување на меѓународен договор (Договорот од Преспа).  

Линк до оригиналниот напис: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи! Датум и време на објавување: 15.02.2020, 5:11 Датум на рецензирање: 17.02.2020 Рецензент: Мирослава Бурнс  Никаде во барањето за  разрешување на Мизрахи не стои дека е разрешена заради тоа што е Еврејка, или која било друга причина изнесена во текстот.Насловот: ,,Хитлер и Гебелс воскреснаа во Македонија, разрешена министерката Рашела Мизрахи”,  наведува на тоа дека самото разрешување има врска со етничката припадност на поранешната техничка министерка, односно со фактот што таа е Еврејка, што не е точно. Двата аспекти се неповрзани. Целото разрешување има врска со неупотребувањето на уставното име на таблата во салата за пресконференции во Министерството за труд и социјала.Споредбите, пак, со Гебелс и Хитлер се смешни. Гебелс и Хитлер никого не ,,разрешуваа” по демократски пат, со гласање во германскиот Бундестаг, туку на еден комплетно поинаков начин, кој во светски историски рамки претставува пример за нечовечност и симбол за суровост.Фотографиите искористени во текстот тенденциозно ги етикетираат поранешниот премиер Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски како нацисти, што е срамно за еден новинарски производ.Исто така, во текстот со леснотија се тврди дека, наводно, имало:

… стотици антисемитски напади од функционери и членови на СДСМ, а во јавноста се коментираше дека нападени се раководени од Илинденска без број и пропагандниот тим на Марјан Забрчанец.

Стотици напади е паушална бројка и непоктрепена со факти, а тоа се прави со цел да се „напумпа“ текстот и испадите на поединци да се доведат во корелација со ликот на Марјан Забрчанец.

Инаку, нападите кон Мизрахи за кои се пишува во текстот, не само што беа јавно осудени од сите внатрешни политички субјекти, како и од меѓународниот фактор,  туку и против едно осомничено лице беше поднесена соодветна кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи.

Во самиот текст недостасуваат деталите од кои ќе се утврди фактичката причина поради која дојде до разрешувањето на Мизрахи, кои се однесуваат на тоа дека во Министерството постои целосно опремена сала за прес-конференции, инаку употребувана од претходната министерка Мила Царовска. Оваа просторија е опремена со банер со официјалното уставно име, а која воопшто не е употребувана од страна на поранешната техничка министерка, Мизрахи.

За разлика од личните ставови, во меѓудржавните односи има заеднички договорени  правила, кои земјите ги прифатиле и кои ги устројуваат релациите меѓу државите.

Па, гледано во целина, на читателите им е понуден еден непрофесионален, манипулативен текст со кој се креира сосема искривена слика за причините за разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести