verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

СДСМ е виновен и кога ВМРО-ДПМНЕ има предност

on 1 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

http___kurir.mk_makedonija_vesti_n 11

[Нова нерелевантна анкета на СДСМ преку нивната агенција „Фактор Aдриа“ од Србија]

 

Текстот е тенденциозен, уште со самиот наслов манипулира и изнесува еден куп невистини за една агенција за истражување на јавното мислење и за опозицијата. Целта е по секоја цена да се нападне СДСМ и да се убедат читателите дека и најмала позитивна информација за социјалдемократите е лажна и нерелевантна.

Нова нерелевантна анкета на СДСМ преку нивната агенција „Фактор Aдриа“ од Србија Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Нова нерелевантна анкета на СДСМ преку нивната агенција „Фактор Aдриа“ од Србија

Датум и време на објавување: 26.01.2016, 14:08

Датум на рецензирање: 30.01.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НАФРЛЕНИ ОБВИНУВАЊА

Во овој коментаторски  напис се земени резултатите што агенцијата ги добила за рејтингот на партиите и со нив се манипулира за публиката да оформи негативен став кон опозицијата. Притоа, текстот го наведува читателот да не верува на анкети направени од оваа агенција.

Написот пласира неиздржани обвинувања дека агенцијата „Фактор Адриа“ од Србија е на СДСМ, а дека анкетата е нарачана. Згора на сè, на анкетата ѝ е залепен епитет „нерелеватна“ само затоа што покажува помала предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, во споредба со претходната анкета направена од истата агенција во декември минатата година.

Овие обвинувања се само нафрлени и во текстот не се нуди ниту еден доказ во прилог на искажаните тврдења.

Во текстот се вели:

„Веќе е познато и медиумите пишуваа дека „Фактор Адриа“ е блиска до агенцијата „Рускин и Хант“ која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла и чии луѓе го советуваат и Зоран Заев.“

Меѓутоа, никаде не се дава аргумент дека изнесените наводи се точни. Во текстот стои фразата „веќе е познато“ за да се добие впечаток дека напишаното е вистина. Но, изостануваат цитирањата од тие медиуми што наводно го пишувале тоа. Нема ниту линкови, ниту изјави. А недостига и потврда дека агенцијата на кој било начин е поврзана со луѓе што го советуваат лидерот на СДСМ.

Текстот е целосно едностран. Нема ниту изјава од агенцијата што е обвинета дека е под капата на опозицијата, а уште помалку е побарана опозицијата да даде став во однос на обвинувањата. Вистински новинарски производ треба да се стреми да ги консултира сите засегнати страни, а доколку тие одбиле да дадат коментар, тогаш тоа треба да биде нагласено.

Но, очигледно е дека оваа медиумска содржина немала намера да ја прикаже сликата од сите агли, туку колку што е можно повеќе да ја замагли.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести