verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сам си прашува – сам си одговара

on 1 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___sitel.com.mk_bliskite-stavo 11

[Рецензија: Блиските ставови со СДСМ ја доведуваат во прашање независноста на МОСТ]

 

При надзорот на медиумските содржини што не ги исполнуваат професионалните и етичките стандарди на професијата, рецензентите веќе почнуваат изборот да го прават и според степенот на „корумпираноста“ на текстовите, како и од бројот на бисерите што ја прават таа „корупција“ посериозна.

01292016-Sitel-MostЛинк до оригиналниот напис: Блиските ставови со СДСМ ја доведуваат во прашање независноста на МОСТ

Датум и време на објавување: 28.01.2016 – 16:29

Датум на рецензирање: 29.01.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ТРИ БИСЕРИ

Првиот бисер во оваа содржина е прашањето:

„Дали асоцијацијата МОСТ и нејзиниот претседател Дарко Алексов работат на агендата на СДСМ да се одложат априлските избори?  – Ова е прашањето кое си го поставува јавноста по неколкуте настапи на Алексов…“

Всушност, бисерот е во одговорот на прашањето. „Сам си прашува – сам си одговара“, е формулата за непрофесионалност. Прашањето си го поставувала јавноста! Ајде и ние да прашаме: Што е јавност за прилогот? Во ТВ-прилогот нема ниту еден претставник на таа „јавност“ за да го постави прашањето, а новинарот да пренесе.

Вториот бисер е „истражувањето“. Медиумот истражувал и дошол до фрапантни податоци за тоа кој ја финансира и колку пари потрошила „Мост“ во изминатите четири години.

Кога ќе сумирате, не можете да не иронизирате дека многу требало да се истражува за да се соопшти дека тие податоци биле објавени на веб-страницата на организацијата што се черечи. Јако истражување, нема што!

Уште тука можеме да ја завршиме рецензијата и да констатираме дека пред нас е медиумска содржина која не ги почитува темелните професионални принципи од Кодексот на новинарите како што се: да не шпекулира (член 1); да го назначува изворот на информации (член 4) и да биде непристрасна, избалансирано за да се обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (член 14).

Но, ќе завршиме со третиот крунски бисер во завршницата на овој текст, во кој, како прво, без посериозна поткрепа од извори и од докази, се инсинуира, класика, дека „тој што не е со нас, е против нас“, односно, дека ако некој став се совпаѓа со тој на спротивниот политички табор, тогаш мора да е сателит на опозицијата.

И, на крајот, една оцена која не произлегува од методологијата на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, туку е повеќе оцена за стилот. Најбисерна од сè е фразата „времето ќе покаже“. Една ретко и исклучително оригинална завршница.

Ете, три бисери сосема доволни за заслужена негативна рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести