verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Контаминирана информација

on 1 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

111112 11

[Рецензија: СДСМ призна дека не ја интересира ДИК, туку воспоставување на контрола врз медиуми кои ги напаѓа дека се непријатели]

 

Интересно како реалните настани во земјава добиваат виртуелна форма вообличена од „медиумската лепеза“ со која мафта одреден центар за комуникација. Со невидена леснотија, „филијалите“ ја испорачуваат секоја желба и нарачка без разлика на тоа колку е нелогична. Пример е токму овој текст – измените на законот за медиуми е предлог на СДСМ за гушење на медиумската слобода, што истовремено, сакале тие да признаат или не, е и целосно дискредитирање на меѓународната заедница и омаловажување на активноста на нејзиниот претставник во земјава, зашто тој е предлагач на можното решение.

 11111Линк до оригиналниот напис: СДСМ призна дека не ја интересира ДИК, туку воспоставување на контрола врз медиуми кои ги напаѓа дека се непријатели

 Датум и време на објавување: 28.01.2016 09:37

 Датум на рецензирање: 29.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

СПИН – ТЕЗИ И КОМЕНТАРИ

Неоправдан е обидот за ставање знак на равенство меѓу работата на белгискиот олеснувач и активностите на опозицијата. Разбирливо е, имајќи го на ум говорот на експремиерот дека тоа може да биде дискурс на владејачката партија, ама како може тоа да се преточи во „информативен“ текст објавен на „јавно гласило“?

Во Кодексот на новинарите децидно е наведено:

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Значи, професионалните стандарди нормираат дека не смее, но, еве може! Написот пред нас тоа фино го покажува. Тука се прави и многу сериозен спин, при што коментарите се неизбежни, а пристрасноста е исклучителна.

Политичкиот маневар на СДСМ да ги повлече забелешките за методологијата за прочистување на избирачкиот список, a за сметка на таквата отстапка власта да го прифати предлогот на меѓународната заедница за прашањето за медиумите, во оваа објава се толкува како негрижа на опозицијата за избирачкиот список?!

„Предлогот на СДСМ дека ја прифаќа методологијата за избирачкиот список само ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати измените на законот за медиуми, кој во суштина е предлог со кој СДСМ сака да ја загуши медиумската слобода, не е ништо друго туку правење на пазар.“

Обидот за барање компромис своеволно се нарекува „пазар“, што е вулгаризирање на комплексната политичка ситуација. Кој вели дека предлогот на Ванхауте е пишуван од СДСМ, од каде докази за така силно да се тврди оти опозицијата сака да ја задуши медиумската слобода?! Јаки зборови, ама неаргументирани. Да, се цитира став на еден новинар, ама дали е тоа доволно за да се извлечат такви заклучоци? Одговорот е не!

Ајде да бидеме искрени и да ги видиме фактите на релевантни меѓународни организации. Тие најдобро говорат за нивото на медиумска слобода во Македонија.

Macedonia received a downward trend arrow due to further revelations about the grave shortcomings of the 2014 elections, which caused an opposition legislative boycott; the new information formed part of a related scandal over widespread government surveillance of political and religious leaders, journalists, and private citizens – извештај на Freedom House.

The situation of Macedonia’s media continued to be bad in 2014… – Reporters without borders.

Понатаму, искривувањето на состојбата продолжува со пласирањето фомулации дека безмалку опозицијата се откажува од избирачкиот список за сметка на медиумите.

„Опозиционерите измислуваат услови за да подоцна се пазарат за работи кои нив им се важни. Тоа индиректно значи и признавање дека намерно се кочи ДИК, преку предлози кои суштински ништо нема да подобрат, туку се користат како средство за пазарење.

Познавачите коментираат дека со ова ДИК има опција да ја земе предвид оваа изјава на СДСМ дека партијата на Зоран Заев всушност нема проблем со избирачкиот список.“

Но, официјалниот став на опозицијата не е променет и тој беше повторен во истиот настап на кој претставникот на СДСМ го изнесе предлогот за продолжување на преговорите меѓу политичките партии:

„Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата на медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори“, Дамјан Манчевски потпретседател на СДСМ.

Значи, основната информација е контаминирана со партиско-политички примеси, со спин-тези и со коментари, се застапуваат формулации кои не се поткрепени со аргументи, туку како поддршка имаат пристрасен пристап.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести