verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Репортери без граници“: 66 новинари се убиени во 2014 година

on 18 - 12 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Меѓународната организација „Репортери без граници“ објави преглед на насилство против новинари во 2014 година. Според нивната евиденција, во текот на оваа година, 66 новинари се убиени. Со тоа, бројот на новинари убиени поради нивната работа во последните 10 години достигна 720.

Вкупно 119 новинари биле киднапирани во текот на оваа година, што е зголемување од повеќе од 35 проценти во однос на претходната. Четириесет новинари во моментов се во заложништво.

 


Како најсмртоносни земји за новинарите „Репортери без граници“ ги посочуваат Сирија, со 15 убиства, Палестина со седум, Украина со шест, како и Ирак и Либија, секоја со четири. Најмногу киднапирања на новинари се забележани на територијата на Украина, Либија, Сирија, Ирак и на Мексико. Покрај киднапираните 119 новинари, биле киднапирани и осум граѓани-новинари.

Прегледот, во форма на инфографици и посочувања на клучните случаи, беше објавен на 16 декември 2014 година, на веб-страницата на организацијата, чие седиште е во Париз.

RWB-2014-roundup

Претплатете се за најнови вести