verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Религијата како дел од медиумската пропаганда

on 6 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-151-ja-si-ali-ahmeti-respekton-ezanin-vi_-http___www-shkurtshqip-com_2016_11

 

Напис: Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Челопек и за време на обраќањето, тој го прекинал говорот и почекал сè додека селскиот оџа не завршил со езанот и при тоа истакнал дека езанот треба да се почитува.

Во продолжение можете да го проследите ексклузивниот видеозапис.

 

[Рецензија: „Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)”]

Верата, односно религијата треба да биде нешто лично и кога се работи за јавни личности. Таа не смее да се употребува за производство на вести од јавен карактер, освен во случаи кога јавноста има интерес поврзан со оваа тема. Верувањето во Господ како лична особина не го дефинира присуството или, пак, немањето на вредности кај еден политичар.

shkurtshqip-ja-si-ali-ahmeti-respekton-ezanin-1Линк до оригиналниот напис: „Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 27.11.2016

Датум на рецензирање: 28.11.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

Ова е еден многу краток текст, но со тенденција да има големо влијание. Авторот нема намера да допре до читателот преку отсликување на тоа што е од јавен интерес во избирачки контекст. Не е пренесен говорот на Ахмети, нема ниту еден збор за кампањата на ДУИ на праг на изборите, ниту дел од платформата за тоа што им се ветува на граѓаните… Местото на фактите и на важните прашања е заземено од сензацијата со злоупотреба на верскиот елемент.

„Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Челопек и за време на обраќањето, тој го прекинал говорот и почекал сè додека селскиот оџа не завршил со езанот и при тоа истакнал дека езанот треба да се почитува.

Во продолжение можете да го проследите ексклузивниот видеозапис“.

Ова, секако, е еден начин на промоција, но не преку јавните вредностите и јавниот интерес. Медиумот на нечесен начин ја информира јавноста за оваа постапка на Ахмети, која, реално, нема никакво влијание врз благосостојбата на граѓаните, не допира ни до нивните интереси, а ниту до начинот на кој живеат, во смисла на стандардот.

Прирачник за етика во новинарство:

  • Новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.

  • Новинарот мора да биде свесен за етничките, културните, религиозните, сексуалните чувствителни теми и да ги третира во согласност со тоа.

Целта на текстот е јасна, тоа е манипулирање со верските чувства на еден голем дел од читателите, импонирајќи им позитивна слика на верник за една политичка личност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести