verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографијата, сепак, не ги заменува фактите

on 6 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dokaz

 [Рецензија: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп]

Краткиот напис од само две реченици остава простор за сериозни забелешки околу професионалните стандарди. Како единствен „доказ“ дека возило на едно јавно пертпријатие, наводно, се злоупотребува за изборни цели, е понудена фотографија со релативно ниска резолуција. Од ваквата нејасна фотографија воопшто не може да се види дали станува збор за службено возило и дали тоа  е „претоварено со новогодишни пакетчиња“, ниту, пак, во кусиот текст има некаква потврда за тоа дека се прави „предизборен поткуп“, како што се тврди во насловот.

dokazm-mk-foto-vozilo-na-jp-makedonski-shumi-vo-prilep-pretovareno-so-novogodishni-paketchinja-vrshi-predizboren-potkupЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп

Датум и време на објавување: 03.12.2016, 22:12

Датум на рецензирање: 06.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

НЕЈАСНА ФОТОГРАФИЈА

На фотографијата се гледа  дека автомобилот е натоварен со картонски кутии, но не може да се види што точно се пренесува, какви се кутиите и дали во нив навистина има новогодишни пакетчиња. И наместо  во содржинскиот дел да се посочат прецизни извори на информации околу содржината на товарот, официјални или неофицијални, се оди со коментирање:

„Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп натоварено веќе е во поход на масовно купување гласови, злоупотребата на државните институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е измислена топла вода веќе и овие избори“.

Останува нејасно:

  • Од каде е утврдено дека возилото е на ЈП „Македонски шуми“ и дека е во поход за масовно купување гласови?;
  •  Како е утврдено дека станува збор за масовна злоупотреба на државните институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема докази дека е направен обид за проверка на информациите, со контакт на засегнатата страна. Политичка пристрансост на објавата е видлива и во втората реченица:

„Предупредувањата сепак се остварија дека владејачката партија ќе стори се што е во нејзина моќ да го корумпира гласачкото тело во нејзина полза посебно во ИЕ 3 и ИЕ 4“.

Повторно останува нејасно кој предупредувал на можни малверзации од страна на владејачката партија и кој предупредил дека ваквите постапки биле најзабележливи во двете посочени изборни единици.

Имајки предвид дека не е побаран став ниту од ЈП „Македонски шуми“, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, имаме еднострана објава со видлива намера за дискредитација на владејачката партија во пресрет на изборите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести