verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Релативизирање на кривично дело во борба за кликнувања

on 13 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник]

 

Во текстот е пренесена информација од полицски билтен и тоа е коректно направено. Проблемот е во насловот кој е сензационалистички и кој, според тоа како е поставен, ја намалува тежината на кривичното дело.

Љубовна драма во Гостивар Тетовка грабната од поранешниот љубовник Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник 

Датум и време на објавување: 09.01. 2017

Датум на рецензирање: 12. 01. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

НАСИЛСТВО И ЉУБОВНА ДРАМА НЕ Е ИСТО

Сензационалистичките и бомбастични наслови вообичаено се сметаат за добра шанса за собирање кликнувања, но честопати знаат да ја искриват сликата, како што е случајот и со овој напис. Самото квалификување на злоделото како љубовна драма придонесува за негово обезвреднување. Станува збор за грабнување, психичко и физичко насилство, а неговата квалификација како „љубовна драма“ го релативизира насилството за кое е поднесена и кривична пријава:

„Надворешната канцеларија за кривични работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д. (40) од село Жеровјане поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело грабнување“.

Содржинскиот дел на написот е коректен, иако можел да биде новинарски разработен. Можело да се направи цела приказна со изјава на жртвата, доколку таа се согласи да зборува за настанот. Можело да се наведат статистички податоци, колку случаи на вакво насилство се регистрани во изминатите години, каква е нивата тенденција, односно дали се зголемува или се намалува нивниот број, колку од нив се процесуирани и какви  мерки се преземаат за спречување на ваквите појави.

Во согласност со принципите утврдени во Кодексот на новинарите, новинарот при известувањето  мора да се придржува до етичките и до моралните норми, да избегнува сензационализам кој истовремено, како во овој текст, ја намалува тежината на кривичното дело и ѝ нанесува болка на жртвата на грабнувањето.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести