verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Рециклирана“ стара вест

on 13 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

nova 1

 

[Рецензија: Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот]

 

Текстот што го рецензираме е стара вест (од јули 2015 година) за прошетката на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, а објавена е во јануари 2017 година. Иако веста е точна и нема ништо спорно во неа, сепак на читателите им се нуди стара информација, која погрешно информира за времето на настанот. Сите читатели не би знаеле дека ова се случило пред повеќе од една година, па би ја перципирале како актуелна вест. Медиумот што ја пласираше веста по неколку часа напиша извинување до читателите поради актуелизирање на стара вест, но, сепак, не ја избриша веста.

novaЛинк до оригиналниот напис: Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот

Датум и време на објавување: 11.01.2017

Датум на рецензирање: 13.01.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА

Во веста се вели:

„Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун пред камерите парадираше на новоизградениот аеродром во Пјонгјанг пред неговото отворање, но како што тврдат медиумите од светот, не бил задоволен по што наредил екзекуција на архитектот Ма Вун-чун. Ма Вун-чун е еден од шестте дипломати кои се водат како исчезнати од минатата година. Според „Д Дипломат“, тој бил убиен во ноември бидејќи не извршувал наредби, односно бидејќи не го проектирал терминалот по стандардите на врховниот лидер“.

Но, без разлика дали се работи за вест пренесена од светот или не,  треба да се внимава на нејзината вистинитост и актуелност. Добрата новинарска практика подразбира веста убаво да се провери пред да се објави, бидејќи во спротивно јавноста погрешно ќе се информира. Тоа е наведено уште во преамбулата и во првиот член од Кодексот на новинарите:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија… (Преамбула)

 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи…

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно… (член 1)

Неколку часа по објавата на  веста, увиден е пропустот и напишано е извинување дека веста е по грешка актуелизирана. Ова е коректно, но, сепак, тоа не ја намалува одговорноста поради направениот превид.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

стара вест

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести