verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски го почна мандатот со десет споменици (ФОТО)

on 8 - 04 - 2013       

Духовит наслов, кој ја одразува горчината поради победата на опозицискиот кандидат во скопската општина Центар.

Рецензија: Жерновски го почна мандатот со десет споменици (ФОТО)Линк до оригиналниот напис: Жерновски го почна мандатот со десет споменици (ФОТО)

Датум и време на објавување: 08.04.2013

Датум на рецензирање: 08.04.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост на факти: Текстот на Вечер се темели на очигледните факти што ги регистрираа и другите медиуми. Освен тоа, текстот е збогатен со галерија на одлични фотографии од спомениците.

Извори на информации: Освен набројувањето на сите споменици, во текстот на Вечер, како извор, се спомнуваат „работници што работеа на терен“, кои изјавиле дека ова се последните скулптури што ќе бидат поставени. Изворите се нерелевантни, бидејќи од теренските работници не треба да се очекува релевантна информација на прашањето.

Содржајност: Веста е несеопфатна, веројатно затоа што е објавена он-лајн во рана фаза на акцијата на поставување на последната тура споменици, пред промената на локалната власт во општина Центар. Новинарот не се потрудил да побара официјално објаснување за акцијата, како ни став на новиот, сѐ уште формално непрогласен градоначалник, Андреј Жерновски. За верување е дека тоа е сторено подоцна.

Пристрасност: Спинот на овој текст го носи духовитиот наслов, кој, од една страна, се потсмева со новиот градоначалник, противник на проектот „Скопје 2014“, а од друга страна, ја изразува горчината поради неговата победа.

Во една реченица, текстот сугерира јасен став дека и покрај противењето на Жерновски, кампањата за поставување споменици, ете, продолжила. Вечер не му е наклонет на опозицискиот кандидат и објавуваше жестоки написи за него. Овој текст е еден циничен финиш на таа кампања.

Плагијат: Наведени се авторите на фотографиите. Во светот постои пракса фоторепортерите да се и автори на текстовите во фото-вестите.

Квалитет на насловот: Ова несомнено е наслов на денот и тоа е основната причина поради која овој текст го подложивме на анализа. Смислата на сарказмот во насловот веќе ја објаснивме. Ни преостанува да додадеме дека изведбата е несекојдневно креативна.

За Жерновски можеби сѐ уште не може да се каже дека формално го почнал мандатот, но неформално тој веќе се смета за градоначалник. Оттаму, формално гледано, насловот е проста информација, која е точна, но нејзината конотација е духовита и резултира во креативен и сензационален наслов.

Фотографија: Автори на сетот одлични фотографии се Д. Митревски и Ѕ. Плавевски.

Заклучок: Немаме често прилика да регистрираме примери кога политичката наклонетост, критика и сарказам, се искажуваат и на духовит начин. Обично тоа се прави со жестоки пропагандни памфлети, со кои се дискредитира политичкиот противник. Токму затоа, одличниот и духовит наслов на овој текст заслужува да биде одбележан и анализиран.

Рецензија: Жерновски го почна мандатот со десет споменици (ФОТО)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести