verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ТВ-прилог со свесно игнориран настап на ЕУ-дипломат

on 5 - 06 - 2015       

 

[Рецензија: Заврши проектот за подобрување на капацитетите на регулаторите на медиумите и електронските комуникации]

 

Прилогот информира за завршната конференција на Проектот за зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации (1 јуни 2015 година) и во него провејува фалбаџиски тон. Гледајќи го извештајот, се добива впечаток дека на овој настан биле искажани само пофални зборови за двете регулаторни тела, како и за Министерството за информатичка општество. Но, дали на публиката ѝ е пренесена вистинската слика или нештата се претставени само од еден агол?

http___www.alfa.mk_News.aspx_ID=94483#.VWyxx8-qqkpЛинк до оригиналниот напис: Заврши проектот за подобрување на капацитетите на регулаторите на медиумите и електронските комуникации

Датум и време на објавување: 01.06.2015, 17:39

Датум на рецензирање: 02.06.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

СЕЛЕКТИВЕН И ФАЛБАЏИСКИ ТЕКСТ

Материјалот што е пред нас се темели само на изјавите на претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации и на заменик-министерката за информатичко општество. Тие се коректно пренесени, проблемот е што написот има селективен пристап и ги прикрива најважните пораки од настанот.

На крајот од текстот се споменува дека споменатиот проект е реализиран со финансиска помош од ЕУ, меѓутоа не се кажува дека на завршнта конференција бил пристутен и говорел раководителот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауцке.

Па, гледачите не можат да разберат за неговата децидна забелешка дека „државните пари не треба да се се трошат на реклами  за промоција на владините активности“.

Во интерес на вистината, треба да се каже дека во извештаите на дел од медиумите можеше да се слушне пораката на Клауцке дека  „слободата на говорот во земјава останува  високо проблематична, а државата преку рекламите ги контролира медиумите“.

„Комисијата бележи дека повеќе технички области кај електронските медиуми бележат напредок, но ситуацијата во врска со слободата на изразување и понатаму е високо проблематична. Постои индиректна контрола на државата кај приходите на медиумите преку владините реклами. Што се однесува до јавното рекламирање, транспарентноста на зделките кај аудиовизуелните медиумски услуги треба целосно да се почитува и треба да се поведе поголема грижа со јавните фондови да се користат за обезбедување информации кои се навистина од јавен интерес, а не за промовирање на владините активности. Преименуваното регулаторно тело за медиуми, Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги го прошири мониторингот на програмската содржина, сопственоста на медиумите и концентрацијата на пазарот. Сепак, и останува загриженоста дали е овој пристап фер, објективен и транспарентен. Неговата политичка и економска независност и онаа на јавниот дифузер се уште не е цврсто воспоставена“ (од 0,45 до 1,48 минута од видеозаписот)

Неговиот настап, кој, несомнено, е намерно игнориран, дава поинакво светло за (не)зависноста на регулаторното тело, како и за состојбите во македонскиот медиумски простор.

Иако сосема легитимно право и процена на новинарот (медиумот) е каква селекција на информациите ќе направи и што ќе вклучи во еден извештај, сепак, гледано од професионален аспект, би било логично акцентот да биде ставен токму на овие поенти од  излагањето на Клауцке. Дотолку повеќе што се однесуваат на медиумите. Исто така, не смеело да биде премолчено ниту тоа дека Европската унија преку нов проект вреден 5 милиони евра ќе ги подобрува медиумските слободи во Македонија.

Само, очигледно е дека прилогот што го рецензираме – озаглавен со премногу долг и неинвентивен наслов, немал намера да биде објективен и да презентира чиста и политички необременета информација. Поради што и заслужува негативна оценка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести