verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Небото се смени? Да, поцрвене кога го виде овој текст!

on 5 - 06 - 2015       

 

[Рецензија: „Луѓе, небото се смени! Нешто опасно се случува со нашата планета!“]

 

Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Овој текст тешко дека има врска со вистината и повеќе наликува на шега. Се гледа дека е преведен од некој странски медиум (има извор на медиумот), но притоа нема критички осврт, туку со леснотија се објавува нешто неверојатно.

Mediamk-fina-002Линк до оригиналниот напис: „Луѓе, небото се смени! Нешто опасно се случува со нашата планета!“

Датум и време на објавување: 25.05.2015, 12:30

Датум на рецензирање: 01.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„На сите им е јасно дека нешто не чини со нашата планета. Но, сепак, многумина не знаат ништо за оваа ситуација, бидејќи светските медиуми упорно одбиваат да ја кажат вистината. И да објават нешто, тоа се спомнува како поим „глобално загревање“ и „климатски промени“, а тие поими веќе одамна се обелоденети од страна на научниците дека се чиста лага со која се манипулира јавноста, но и што е најбитно од сѐ, со помош на тие поими се сокрива страшната вистина за нашата планета која со години ни дава знаци за предупредување.“

Текстот нема ниту извор на приказната, што е битен момент за тоа дали треба да му се верува на еден новинарски напис. Ниту занаетските делови се професионално новинарски сработени. Од ова не може да се изведе ниту еден факт. Притоа се тврди дека поимите како „глобално загревање“ и „климатски промени“ не постојат.

Ова е невистина, а дека овие поими се земаат сериозно покажува и тоа дека Европската унија има утврдено климатска политика која се занимава со овие проблеми.

„ЕУ се обврза дека до 2020 година ќе ја намали емисијата на штетните гасови за најмалку 20 отсто под нивото од 1990 година и дека истовремено ќе ја зголеми енергетската ефикасност за 20 отсто и уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка 20 отсто. Системот за тргување на емисијата на штетните гасови во ЕУ (ЕТС) претставува клучен механизам во остварувањето на таа цел.“

Текстов продолжува со приказната дека луѓето масовно се преселуваат од село во град, а како главна причина за тоа е вештачка преселба. Притоа, не е објаснето што значи тоа вештачка преселба и поради кои причини е направена.

Од друга страна, пак, тешко може да се поверува на оваа приказна. Поверојатно е дека луѓето се преселуваат во градовите поради подобрите услови за живот и индустријализацијата, како и развојот на технологијата. Оваа миграција е позната одамна и не е нешто ново. Можеби би било фер во текстот да се посочи и на овој момент колку за баланс и за рамнотежа на написот.

„Ескимите, кои го населуваат арктичкиот дел на Канада, САД и Гренланд, во целата своја историја имале сопствена прогноза според која се воделе, а ја правеле само со тоа што гледале во небото и ѕвездите.“

Ова најверојатно е и вистинито, но, сепак, во текстот морало да се напомене дека не биле само Ескимите први метеоролози. Историјата пишува дека таква „дарба“ имале и луѓето кои живееле во античка Индија, а за метеорологијата пишува во своите записи и Аристотел.

„Постарите Ескими, односно старешините, ја предупредија НАСА на фактот дека Сонцето повеќе не изгрева на истото место на кое изгревало порано, а што е промена која досега не е забележана во историјата.“

Прво што се поставува е прашањето кои се тие Eскими? И како се дошло до констатацијата дека на Земјата нешто ѝ се случува? Дали имаат научни квалификации? Притоа, во текстот нема документ со кој се потврдува дека некои Ескими ја предупредиле НАСА.

„Земјата се поместила и Сонцето на изгрева на истото место. Интересно е што медиумите тврдат дека научниците на НАСА се загрижени, но никој не реагира на овие работи, туку системски се наметнува теоријата за „климатските промени“. Тие, или не ја знаат причината, што би значело дека станува збор за Божјо предупредување, или пак се обидуваат да ја сокријат причината.“

Ова е заклучокот на текстот. Се тврди дека Сонцето не изгрева од исто место. Ова е сериозна квалификација и тврдење, а дури и емпириски и со голо око се гледа дека сонцето изгрева од исток, како и секогаш, од кога постои Сончевиот систем и планетата Земја. За друг аргумент против овој мора да има научни сознанија. Авторот морало да обезбеди и некој научен доказ, а не да се занимава со пророштва на стари народи.

Ова е уште еден текст што вклучува теорија на заговор која е неиздржана, ниту поткрепена од влијателни институции или научници. И тоа од една едноставна причини: нема факти и аргументи. Кога немаат никаква поткрепа ниту, пак, содржат напор да се најде каква било поткрепа, на теориите на заговор треба да се гледа со здрава доза на скепса.

Инаку, местото од каде што е земен и преведен овој текст е блог кој обработува теми од екологијата, а притоа проблемите во секој текст ги бара во конспирации. Написот морал да го има ова предвид или барем да наведе за каков извор станува збор.

Ова е текст кој тешко може да се нарече сериозен. Ги нема потребите елементи за да биде професионално новинарско четиво. Нема критички осврт, нема потврда од релевантни институции, значи не може да се земе за сериозно. Поради тоа, може да се заклучи дека овој текст е ставен само колку да пополни место и, секако, да се добие некој „лајк“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести