verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев на средбите барал ослбодување на лица осудени за криминал

on 11 - 02 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-02-10T07-51-32-084Z-crop-resize

 

Пример за монтирано четиво, правено набрзина, во стилот „на врат, на нос“, со максимално прекршување на речиси сите стандарди на професијата, и тоа не за на јавноста да ѝ се претстави објективната слика за ситуацијата, туку за да се дополни и надгради мозаикот најверојатно искреиран од, според приложеното, еден единствен центар.

Firefox_Screenshot_2015-02-10T07-51-32.084ZЛинк до оригиналниот напис: Заев на средбите барал ослбодување на лица осудени за криминал

Датум и време на објавување: 06.02.2015, 17:43

Датум на рецензирање: 09.02.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НЕМА НИТУ ’РКУЛЕЦ НА НОВИНАРСКИ СОМНЕЖ  

Како да зборуваме за некаква, барам во минимални дози, вистинитост кога во текстче од само 11 редови истопорени се толку обвинувања непоткрепени апсолутно со ниту еден кредибилен извор. Се зборува дека лидерот на опозицијата на средбите со премиерот, без да се спомене дека тие состаноци биле снимани и јавно објавени, барал ослободување на осудени лица, притоа повикувајќи се на пишувања на други медиуми. Чекајте, кои се тие други медиуми на кои можеме толку слепо да им поверуваме?! Секако не се прецизира кои се тие!!! Значи, „дознаваме“ дека првиот човек на опозицијата „барал и да се ослободат негови пријатели осудени за криминал наместо да бара ослободување на лица кои, како што опозицијата ги нарекува, политички затвореници“, ама, всушност, не дознаваме ништо „повеќе“ од тоа што еден ден претходно објави еден друг медиум со иста уредувачка политика, која, народски кажано, е на линија „плукај по сѐ што не е на и од власта“. Во овој напис нема ниту ’ркулец на новинарски сомнеж за верзијата, која беспоговорно се голта и се пласира, за состојбата во државата која е исклучително комплексна и која не може туку-така да се претрча со материјалче од десетина редови, со намерно испуштање клучни сегменти за елементарно информирање на јавноста.

 

КАДЕ СЕ „ВООБИЧАЕНИТЕ ОСОМНИЧЕНИ АНАЛИТИЧАРИ“?!

Како своевиден бисер, кој не смее да се заборави, е формулацијата оти „ваквите информации се поткрепа за сомневањата на политичките аналитичари дека СДСМ не се бори за слобода и демократија и дека целата ситуација најмалку има врска со тоа“. Добро, ајде да прашаме кои се тие политички аналитичари? Одговорот е – пак ги нема, не се именувани, не постојат, можеби се имагинарни. Можело, барем, да се направи некаков напор и ваквата тешка теза – обвинување да им се остави да ја кажат некои од „вообичаените осомничени“, јас би рекол и 24 часа дежурни „познавачи“, кои како „џокер од кутија“ никнуваат на националните телевизии и објаснуваат за речиси сите прашања во земјава, а можеби и пошироко. Значи, вистинитоста ја нема, пред сѐ, поради целосно отсуство на некакви извори на информации. Воопшто нема да ви одземам од времето зборувајќи за содржајноста, бидејќи и неа ја нема. Целосно е супституирана со силна нишка на необјективност и со пристрасност за, условно кажано, едната страна во политичката битка. Не може да се прескокне ниту силниот впечаток на новинарска неанагажираност и аматеризам што се докажува со намерното заобиколување и заборавање на најважните прашања од целата ситуација: што е случајот „Пуч“, зошто, како и кога е инициран, кој и зошто ги снимал состаноците меѓу премиерот и лидерот на опозицијата?… Понатаму, ако сакаме да бидеме фер и објективни, исклучително слаби оценки би добил и насловот, кој е сѐ само не напишан по воспоставените новинарски правила – нема ниту т.н. ограда, ниту навестување на некаква дилема. Не, напротив во една реченица е срочено и обвинение и пресуда. Недозволиво.

„Идејата на насловот во голема мерка треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата на текстот. Општо правило е во насловот да се става најбитното, најсодржинското, најновото…“ – „Новинарски жанрови“

Сѐ на сѐ, на купче собрано, имаме 11 политички обоени редови, без какви било новинарски стандарди, лошо препишани од уште полош извор, вообличени во некаква креатура од напис, пласирани како информација. Единственото добро е што нивното читање, колку и да е мачно, барем не трае долго.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

апсолутно не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести