verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: За што се споменува името на Аднан Исмаили од „Логос“ во „Буревесник“

on 30 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Веста што ги претставува ставовите само на една страна е еднострана, а во многу случаи и тенденциозна. Често се случува во медуимите да се преведат информации од македонски медиуми што не се потврдени, а во текстот е претставена само едната страна. Во таквите случаи, пред да се објави информацијата, треба да се контактира и со втората страна.

downloadЛинк до оригиналниот напис: За што се споменува името на Аднан Исмаили од „Логос„ во burevesnik.org?!

Датум и време на објавување: 26. 06.2015

Датум на рецензија: 28. 06. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Медиумскиот производ што го рецензираме се однесува на едно обвинение против сопственикот на издавачката куќа „Логос-А“, Aднан Исмаили. Веста е преведена од порталот „Буревесник“ (burevesnik.org), каде се обвинува наведеното лице.

„Првите апсењата на Исламското движење се случиле некаде во 90-тите години на границата меѓу Македонија и Косово…, но на српската полиција успеал да и побегне Аднан Исмаили или Исмаиловски? Интересен е фактот што Аднан Исмаили никогаш, ни пред тоа ни потоа, не е фатен од македонската полиција, туку слободно се шета низ светот и успешно ја создаде и ја разви издавачката куќа ‘Логос’…“

Ваквиот пристап на новинарот, не нудејќи му во текстот простор на страната за која информира, ја прави информацијата еднострана и таа може да се смета и за тенденциозна.

За текстот да биде целосен, новинарот требало да се погрижи засегнатите страни да имаат можност да ги искажат своите позиции. На лицето што се критикува, секогаш треба да му се даде право да се оправда и да објасни.

Новинарските норми дозволуваат, ако се наведе од каде е преземена, да се пренесе вест од друг медиум. Но, ако веста ги нема сите елементи, медиумот или новинарот треба да направи напори за да ја избалансира информацијата. Во спротивно, веста останува еднострана и јавноста нецелосно информирана.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести