verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: (Видео) Снимен вонземајнин: погледнете како вонземјанин спаси човек од сигурна смрт!

on 26 - 08 - 2014       

vonzemjani-098765-098-crop-resize

Во недостаток на информации читателите се подготвени да веруваат на она што им се сервира. Притоа, се прави класична злоупотреба од медиумите врз читателите со тоа што се користат трикови за да ги наседнат и да предизвикаат чудење, шок, или, пак, во екстремни случаи и верување. Ова е текст кој искористува една група луѓе, во западниот свет позната под називот low information voters. Или група која е послабо информирана и и која може да поверува или, пак, да се восхитува на вакви текстови.

Преку овој текст се манипулира со луѓето кои немаат доволно информации, што е крајно неетички и неморално. Згора на сѐ, ова нема никакви допирни точки со новинарството и ги крши сите кодекси на новинарите. Значи, текст кој во ниту еден момент не би требало да се најде на портал, без разлика дали е медиумот познат, признат, читан или не.

vonzemjaniЛинк до оригиналниот напис: (Видео) Снимен вонземајнин: погледнете како вонземјанин спаси човек од сигурна смрт!

Датум и време на објавување: 21.08.2014

Датум на рецензирање: 22.08.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДАЛЕКУ ОД НОВИНАРСТВО

Ова е текст кој нема врска со здравиот разум. Во него има конструкции од типот:

На снимката јасно се гледа како човек кој вози велосипед со закачена приколка, поминувајќи на крстосницата налетува на камион. Но, тогаш се појавува ова мистериозно суштество, кое со брзина на светлината го спасува од сигурна смрт, а шоферот на камионот излегол да види дали го прегазил човекот, незнаејќи што се случува.

Значи, се потенцира дека јасно се гледа. Но, тоа е огромна конструкција која веднаш е демантирана. На Јутјуб се појави и друго видео кое во детали ги разглобува манипулациите на ова. Авторот тврди дека за манипулацијата биле употребени две видеа, кои подоцна се залепени, а на снимката се гледа каде тоа точно е направено и кои моменти се од едната, кои се од другата снимка. Значи нема никаков вонземјанин, туку само груба невистина која најверојтно „пали“ кај читателите, судејќи според лајковите и тоа колку медиуми ја пренеле веста.

Веста, исто така, се коси и со етиката во новинарството. Па така во Прирачникот за етика се вели дека:

Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите. Кога се појави концептот за објективност во професијата, тоа не подразбираше дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите. Методологијата е објективна, а не новинарот. Потрагата по колку што е можно повеќе очевидци, колку што е можно посоодветни извори, отворање можности за мислења на повеќе страни, се постапки кои ги демонстрираат стандардите на објективното новинарство. Овие инструменти на верификација и проверка, го издвојуваат новинарството од другите начини на комуникација,  како што се пропагандата, фикцијата или забавата.

Поради тоа во Прирачникот се потенцира:

-Новинарот не смее заради атрактивноста на текстот/прилогот да поттикнува неосновани стравови или надежи кај соговорниците, или да манипулира со нивните емоции.

– Никогаш не треба да се злоупотребуваат емоциите или чувствата на луѓето, нивното незнаење или неспособност за расудување.

 

ПОВТОРЕНА НЕВИСТИНА

Насловот, пак, за да ја зајакне приказната двапати го користи зборот вонземјанин, водејќи се од максимата неколкупати повторена невистина станува вистина.

Вакви текстови се крајно некоректни. Тие ги злоупотребуваат луѓето, затоа што, сепак, оние што се лошо информирани, не значи и дека се глупави. Тие луѓе се само затвореници на медиумите. Затоа и медиумите најчесто ги користат нив – луѓето кои ги немаат сите информации на располагање. Иако редно е веќе ако се објавил овој текст да се објави и видеото кое го демантира првиот напис. Но, до денот кога е направена оваа рецензија тоа не е сторено.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистинита

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести