verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ужас: рачна бомба во основно училиште

on 3 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

УЖАС НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН  Рачна бомба во основно училиште-crop-resize

На првиот училишен ден, веројатно кога сите родители кои имаат школски деца се преокупирани со новата учебна година, поставена е оваа вест која треба да ги „расони“, односно да им го привлече вниманието токму со шокот кој е исклучиво врзан за денот на објавувањето. Кога таа вест би била објавена подоцна или порано, не би предизвикала толкаво внимание, а дури и во самата Србија, од чии медиуми е преземена, по проверката се гледа дека таа ни одблизу немала таков третман како кај нас?!

УЖАС НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН  Рачна бомба во основно училиштеЛинк до оригиналниот напис: Ужас: рачна бомба во основно училиште

Датум и време на објавување: 01.09.2014 12:15

Датум на рецензирање: 02.09.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„На првиот училишен ден во селото Брезна, Горно Милановце во Србија е пронајдена рачна бомба во двор во основното училиште во селото, јавува Блиц.
Според информациите на полицијата бомбата ја пронашол жител на селото кој вршел ископ на канал за поставување на водовод.
За да биде уште пострашно, бомбата била пронајдена на површината на земјата а била покриена со лисја“.

Веста ја објавија повеќе портали и најпрвин никој не го погоди името на градот – Горни Милановац, туку некои го крстија по кумановски како Милановце или Горно Милановац, што говори дека на уредниците-лекторите не им се погодила и географијата и граматиката.

Но, овде некако најдраматично е пренесен настанот, при што е ставен наслов што треба да не испотресе со она „ужас“, но не го објаснува истиот. Дали бомбата можела да експлодира? Како се случило да биде на површината и само покриена со лисја? Односно, дали се смета за подметната или… веста не одговара на ниту едно од прашањата кои читателот ќе си ги постави по читањето на насловот.

Кога ќе го проверите „оригиналот“, доаѓате до сознание дека тука со веста имаме многу допирни точки ама како со оние испревртени вести на легендарното Радио Ереван.

Така, ова пронаоѓање на бомбата не се случило на 1 септември, туку два дена порано, во саботата, кога во дворот немало ученици. Веста не содржи информација за типот на бомбата М – 75 (види овде), која секако би го оправдала насловот, бидејќи се работи за експлозивно тело што може да убие многумина на широк простор. Ама, тука имало смислена редукција – бомбата немала активатор и оној кој ја нашол тоа го знаел и самиот. Дури ја земал во рака, ја разгледувал и мирно ја одложил пред да викне полиција (уверете се овде). И, конечно, уште една битна информација во врска со бомбата: таа е од поново производство, што значи дека не се работи за останата од некои воени времиња…

Кога сѐ ќе се собере, имаме голема и дури на моменти комична дезинформација, ама затоа веројатно веста имала голем рој на кликнувања. И предизвикала „општа опасност“ кај родителите на школски деца. Фотографијата што се користи за илустрација е посебна приказна – место бомба (може да се најде и слика од тој тип, ама тоа не е тоа, па се става експлозивна направа со тајмер, што секако треба, преку лажна слика, да ја зголеми драматизацијата на настанот и да го покачи уште малку адреналинот на родителите (и децата).

Посебна „вредност“ на написот е што кусиот текст од четири редови е технички поделен на два дела, а меѓу нив е поставена реклама за „нешто што може да ве убие“, во случајот – р’чењето! Ова секако би требало да се „изучува“ на некоја настава од маркетинг, како трик што ќе ги „з’гне“ читателите да купат препарат против р’чењето: ако сте се спасиле од бомбата, белки не вреди да не се разбудите наутро заради лошата работа на дишниот систем!


Оваа колумна е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на колумната е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

иам и точни и исфрлени сегменти

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

пренесување на вест

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести