verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Си беше еднаш една Ана… (фото)

on 4 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

anaa-crop-resize

Основната дилема е зошто ова заслужува да се најде во медиум и каква порака треба да пренесе?

И членот 15 од Кодексот на новинари налага дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. 

anaaЛинк до оригиналниот напис:  Си беше еднаш една Ана… (фото)

Датум и време на објавување: 18.08.2014

Датум на рецензирање: 20.08.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Иако во случајов, се пренесува вулгарна порака без никаква поента, сепак, мора да се стави до знаење дека пренесувањето на информацијата од старт значи позиционирање на медиумот кон некоја појава во општеството.

Во спротивно, не би постоела разлика меѓу она што го гледаме на улица и медиумот. Медиумот има работа да филтрира, да обработува, да дијагностицира некоја негативна или позитивна појава и кон неа соодветно да се постави. Во случајов, игнорирање би било соодветно.

Се поставува и прашањето за вест-вредност, поточно, доаѓаме до заклучокот дека не се што би било интересно за читање, е и вредно за објавување. Се добива впечаток дека жанрот фото-вест се користи за да се пласираат сексистички и навредливи коментари, кон женската популација. Едноставно, неодговорно се пренесува порака, некритички се објавува, а притоа тоа е уште полесно, кога нема инволвирано посочена личност, кога нема кој да се навреди, кога нема кој да реагира и кога нема никој лично засегнат. Одговорноста кон јавноста е примарен постулат врз кој почива и  довербата. Овде ниту има извори, ниту има простор да се праша некој. Не може да се најде ни која е темата и идејата на оваа објава. Едноставно, не соодветствува ниту на стандардите ниту на новинарските жанрови. Одговорноста кон јавноста е она што го разликува новинарот од било која друга професија. Отсуствуваат сите можни критериуми  на информативните жанрови и тоа создава конфузија. Своевидната „таблоидност“ оваа објава не може да ја оправда со никаква причина. Кренати раменици и прашалници, како и сосема поместени критериуми за тоа што заслужува медиумско внимание.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести