verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: “Де жа ву“ во Капитол ги затвори маалските кафулиња

on 3 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

“Де-жа-ву“-во-Капитол-ги-затвори-маалските-кафулиња-Либертас-crop-resize

Се случува ли некоја вест да биде толку рекламно настроена, што дури може и да му засмета на оној што се глорификува? Можеби ова е тој случај: новиот кафе-ресторан станал многу популарен, што изгледа дека е небитно што и неговиот назив е погрешно транскрибиран. Францускиот термин „déjà vu“ се транскрибира како „дежа ву“ (веќе видено). Освен ако не се работи за намерна грешка, односно игра на зборови. Но, во текстот нема фотографија од логото на ресторанот, за да се утврди евентуалната разлика.

“Де жа ву“ во Капитол ги затвори маалските кафулиња   ЛибертасЛинк до оригиналниот напис: „Де жа ву“ во Капитол ги затвори маалските кафулиња

Датум и време на објавување: 30.08.2014

Датум на рецензирање: 02.09.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Не може да се утврди дали фактите во овој текст се точни, бидејќи тие се дадени онака „од око“. Нема параметри врз основа на кои би се тврдело дека ситуацијата на ресторанската понуда е таква што споменатиот локал за неколку месеци станал лидер на пазарот во споменатата населба:

„Само по неколку месеци од отворањето брендот  кафе-ресторанот “ Де жа ву“ во скопската населба Јане Сандански ги “затвори“ околните кафулиња. Овој популарен кафе-ресторан ја врати градската шема во една од најелитните и најголемите населби во Скопје. Во “Де жа ву“ игла нема каде да фрлиш. Сите се овде,од утро до kaсно навечер, од денско кафе до ноќна забава. “

Веста го нема потребното минимално ниво на сеопфатност, туку, напротив, ње категорично наклонета кон „успесите“ на новоотворениот ресторан. Тоа се поткрепува со коментирањето во следниот стил:

„Жителите на Ново Лисиче и Аеродром очигледно немаат повеќе потреба да хараат по скопските кафулиња во центарот. Овде има се, од октопод, до лигњи, добро кафе, одлична услуга и секако веќе прочуениот сладолед, најдобриот во градот. “

Прикриеното коментирање и рекламирањето се дополнети со листа на имиња на познати лица од забавниот свет, за кои се тврди дека се редовни посетители.

„Во “Де жа ву“ излегуваат Дани,Тони Зен,многу познати манекенки, политичари, Хелена Роза, Софија Каракаева, Кристина Арнаудова, Панчо ДНК и многу други јавни фацки. “

Спротивно дури и на ПР текстовите, каде што фотографиите се многу сугестивни во доловувањето на посакуваниот ефект, овде нема ништо од тоа, освен една амбиентална фотографија.

Насловот не е досетлив и креативен, туку е тенденциозен во намерата да го изрекламира локалот.

Во новинарската лекција за спинот и ПР-от на Оливера Војновска, објавена на СПФМ, е направена школска динстинкција за тоа што е новинарски текст, а што пропаганден:

„Спинот најчесто се дефинира како форма на пропаганда, која се прави преку таква интерпретација на одреден настан или кампања, која има за цел да го убеди јавното мислење во корист, или против одредена организација или јавна личност. Лицата кои се занимаваат со односите со јавноста тврдат дека разликата меѓу ПР и „спин“ е во два мали, но многу битни детали. ПР-от се базира на афирмација и факти, а спинот на манипулација и трикови.“

Инаку, и во Кодексот на новинарите на ЗНМ во членот 6 се вели:

Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести