verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ и на парламентарните избори

on 20 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

vecer_com_mk__ItemIDB56BA25F4D78964597BA20F0D9483C7A-crop-resize

Текстот насловен: „Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ  и на парламентарните избори“,  најавен на насловната страница на весникот, е крајно тендециозен, пристрасен  и навивачки настроен кон владејачката партија.  Почнувајќи од насловот,  па до последниот ред , овој „аналитичен “ текст ја турка тезата дека опозицијата ќе доживее дебакл на двојните избори  на 27 април.  Всушност, ова е уште еден од серијата текстови во кои се „вртат“ едни исти аналитичари, чии ставови редовно се на линија на власта.

vecer_com_mk__ItemID=B56BA25F4D78964597BA20F0D9483C7AЛинк до оригиналниот напис: Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ  и на парламентарните избори

Датум и време на објавување: 15.04.2014

Датум на рецензирање: 15.04.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПОДМЕТНУВАЊЕ

Неспорно е дека изјавите на двајцата соговорници се точно пренесени. Но, проблематично е тоа што  нивните оценки на читателската публика ѝ се подментуваат како генерален став на целата експертска јавност во државата

Експертите очекуваат двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април

што е сосема несоодветно и претенциозно. Со сиот респект кон споменатите личности, сепак, нивните мислења не може да се третираат како независни. А доколку навистина се  сакало да се биде објективен, требало да се побара мислење и од други аналитичари. Но, тоа, очигледно, не била намерата. Според  начинот на  кој е напишан текстот се добива впечаток дека самата идеја била да се пласира информацијата оти владејачката партија е сигурен победник на двојните избори. Поточно, да се создаде атмосфера дека таа  е на чекор да освои апсолутно мнозинство во парламентот и поворно да ги добие претседателските избори. Па, веројатно, со таа водилка е направен  и изборот на експертите.

 

ОТВОРЕНО СЕ НАВИВА

Во материјалот што го рецензираме е беспредметно да се бара балансираност. Во него симпатиите кон власта не се прикажуваат суптилно, туку отворено се навива, што делува невкусно за еден новинарски текст.

Коментаторските елементири  се провлечени низ  мислењата на експертите, само се дадени во раскажителна форма, како на пример:

По објавувањето на резултатите од првиот круг и водството на ВМРО-ДПМНЕ од над 120.000 гласа разлика, познавачите на политичките прилики во земјава велат дека тоа ќе биде силен импулс за ВМРО-ДПМНЕ да дојде до посакуваната бројка од 63 пратеници.

Политиколозите велат дека големата победа на Иванов во првиот круг од претседателските избори навестува дека ист ќе биде исходот и на парламентарните избори.

 

СПИНЕРСКА КОМБИНАЦИЈА

Во коментаторски манир е формулиран и насловот: „Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ  и на парламентарните избори“.  Тој е сугестибилен , а заедно со наднасловот и поднасловот прават една спинерска комбинација  со која се манипулира јавноста.

Фотографијата со која е илустриран текстот, а која е објавена во поголема форма на насловната страница, е целосно промашување. Се работи, имено, за стара фотографија од собраниската сала од периодот 2002-2006 година, кога на власт беше СДСМ,  а претседател на парламентот беше Љупчо Јордановски.  Тој се гледа на фотографијата , заедно со тогашниот секретар на Собранието, Александар Новаковски.

Нема сомнение дека основната идеја на овој наменски текст е да ја фаворизира власта. Се добива впечаток  како  авторот едвај да чека опозицијата да ги изгуби и претседателските и парламанетраните избори, а партијата на власт да оствари домнација во парламентот со најмалку 62 пратника!  Таквото однесување е надвор од професионалните и етички стандарди, кои подразбираат новинарот да обезбеди  дистанца од политичките субјекти, а известувањето за политичките процеси, особено кога се работи за изборите, да биде непристрасно и балансирано.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести