verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извонредна фото-репортажа, директно сведоштво за мигрантите

on 21 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Тешко некој да остане рамнодушен откако ќе помине ноќ со мигрантите-crop-resize

 

[Рецензија: Тешко некој да остане рамнодушен откако ќе помине ноќ со мигрантите]

 

Има сè почесто реакции, пренесени и во медиумите, кои се дел од нараснат анимозитет кон бегалците во нашите краишта. Народот, кој врз основа на солидарноста во меѓунaродни рамки е „нето-должник“, покажува дека има во своите редови протагонисти на расна и на верска омраза. За оние кои им помагаат на кутрите бегалци, неодамна на еден доста посетуван блог им се упати закани со безбол-палки.

Сè поретки се директни сведоштва за мигрантите, за тоа кои се навистина тие, што е нивната цел, од каде бегаат, како поминуваат толку илјадници километри. Деновиве, сепак, имавме извонредна фото-репортажа од Табановце, граничниот железнички премин. Така, за оние кои поставуваат многу непријатни прашања за нашата загроза од „терористите“, екипата на медиумот го покажала и патоказот како тоа се докажува. Не со пренесени или измислени конструкции, туку со посета на таков импровизиран бегалски камп – Hic Rhodos, hic salta!

Тешко некој да остане рамнодушен откако ќе помине ноќ со мигрантитеЛинк до оригиналниот напис: Тешко некој да остане рамнодушен откако ќе помине ноќ со мигрантите

Датум на објавување: 17. 07.2015, 17:04

Датум на рецензирање: 20.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Мигрантите дневно доаѓаат во Табановце преку три воза. На ’рати’. Наутро накај 8 часот, навечер со возот ’Горбачов’ кај 21 часот, и потоа кај 23 часот или на полноќ. Ги има сè повеќе и повеќе, стануваат горлив меѓународен проблем. Кружат разни најави, муабети, а се предвидува од УНХЦР да помогнат со подигнување камп до самата железничка. Ова би значело шатори, сенки, тоалети, вода и основни производи. Кутрите се пикнати како сардини по возовите. Пред некој ден имаше двајца што се качиле на врвот од возот, па се ’спржиле’. Страшно! Кога ќе стигнат се истоштени, преморени. На некои им се слошува, немаат душа кога ќе стигнат, но што да прават? Животот ги избркал од нивната земја.“

Новинарскиот дел од задача е направен стандардно – опис на атмосферата, разговор со социјалните служби на теренот, со доброволците во таа работа, со бегалците, со полицијата… Секако, останува како талог по испиено кафе сознанието дека ниту еден од дојденците не сака да остане тука, дека тие ја гледаат и нашата несреќа („си имате и вие ваши проблеми, не сакаме да ви пречиме“), а особено дека се работи главно за дојденци со цели семејства. Зарем некој би ризикувал нереди или би се претворил во терорист, како што деновиве ни полнат уши, за да го ризикува животот на најблиските? Ова е секако моментната, „конјуктурна“ вредност на овој текст, што, во создадената медиумска хистерија (да внимаваме, таа како да е во повој!) не е за занемарување, иако е сè уште речиси осамен случај.

Фотографиите се посебна вредност, особено зашто стануваат дел од опусот на еден од нашите највредни мајстори на ова поле. Да се надеваме дека ќе привлечат внимание и пошироко од земјава и евентуално ќе донесат некоја вредна награда за авторот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Се работи за фоторепортажа

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести