verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ниски удари и отворени навреди за неистомислениците

on 21 - 07 - 2015       

FireShot-Capture-keskec-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ и денес се обиде да попречи настан на кој учествуваше премиерот Груевски]

 

Драматичен глас, кој брзо и отсечно ѝ соопштува на јавноста ставови и навредливи квалификации за опозициска партија и за конкретни личности, презентирани како неприкосновени факти. Приказната е едноставна, но тоа едвај и да може да се насети од прилогот што би требало да ја информира јавноста за него: на свеченото отворање на една реконструирана сообраќајница во Скопје, во присуство на премиерот и на други претставници на власта, еден новинар и еден граѓанин близок до опозицијата се обидуваат да им постават прашања на присутните политичари, но се спречени во тоа. Меѓутоа, во целиот прилог, веста е загубена во морето спинувани искази со кои се оцрнува опозицијата, а актерите се претставени во црно-бел филм: политичарите од власта и нивното обезбедување се културни и фини, додека „другата страна“ е агресивна, алкохолизирана, купена од СДСМ, а освен тоа најбезобразно се местела пред објективите на камерите „само за да го попречат самиот настан“.

И не само тоа, гледачите, обидувајќи се да дознаат што, всушност, се случило, онака патем, го дознаа следново: СДСМ е фрустрирана бидејќи нема доволно внимание од јавноста, нема проекти, има слаб рејтинг на анкетите, плаќала луѓе да одат и да прекинуваат изјави и прес-конференции на политичари од власта, бидејќи не успеала да го сврти вниманието на јавноста со „деструктивното сценарио со бомбите и со протестите“. На крајот, сосема комично прозвучува констатацијата, дадена во прилогот, дека ова бил пример на „брутално рушење на новинарските стандарди“ од страна на СДСМ, кои се прикажувале „душегрижници за слободата, а се први кои ја газат и ограничуваат“.

Рецензија: Ниски удари и отворени9 навреди за неистомисленицитеЛинк до оригиналниот напис: СДСМ и денес се обиде да попречи настан на кој учествуваше премиерот Груевски

Датум и време на објавување: 12.07.2015, 15:52

Датум на рецензирање: 17.07.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Кога станува збор за фактите, тие се загубени во морето произволни и навредливи тврдења на сметка на Социјалдемократскиот сојуз и на лицата инволвирани во настанот за кој станува збор, Саше Ивановски и Ѓуро Кешкец. Но, она што е поважно е заклучокот кој се наметнува, а тоа е дека фактите и не се важни туку пропагандната порака и партискиот спин кој очигледно требало да се објави.

Прилогот е, всушност, прераскажување на настан со обид тој да звучи како известување од местото на настанот, но една симптоматична реченица тоа го става под знак прашалник:

„Ѓуро Кешкец, кој има фотографии од штабот на СДСМ заедно со Зоран Заев, според присутните на денешниот настан беше и во алкохолизирана состојба.“

Бил или не бил? Што е со известувањето од местото на настанот?

Пристрасноста во овој прилог е доведена до ниво на непримерено навивачко поддржување на една и некритичко напаѓање на друга политичка опција, што воопшто не може да се смета за новинарски приод.

Сепак, основна слабост на телевизискиот прилог што го рецензираме е што е неоригинален, односно не претставува автетичен новинарски производ иако, навидум, така изгледа, бидејќи е потпишан од автор со име и со презиме. Пребарувањето на интернет покажува дека идентичниот текст бил објавен во друг медиум десетина минути пред овој што го рецензираме и неговата содржина преку 90 отсто се совпаѓа со прилогот, предмет на оваа рецензија. Текстови со истата содржина, истите фрази и детали се појавуваат во уште пет други медиуми.  Ова само укажува на тоа дека се работи за текст подготвен од пропаганден центар, кој потоа е дистрибуиран до медиуми од сродна политичка провениенција.

Тешко можат да се добројат небулозите со кои се сретнуваме во овој ТВ-прилог, при што најголемиот дел се негативни квалификации насочени кон груба дискредитација на конкретна личност, Ѓуро Кешкец:

„Платеник од редовите на опозицијата, познат како (!) Ѓуро Кешкец“ кој бил „дел од шаторите на СДСМ пред Владата“

и имал, ни помалку ни повеќе туку

„фотографии од штабот на СДСМ заедно со Заев“

(ова соопштено со особено драматичен тон), а

„според присутните на денешниот настан беше и во алкохолизирана состојба(!!!)“

Тој на настанот дошол заедно со Саше Политико

„што упатува на организираноста зад која стои СДСМ“

се вели натаму во прилогот, од што би требало да се заклучи дека секое појавување на јавен настан во нечие друштво го организира СДСМ (!?) Згора на тоа, сево ова било, како што се вели во прилогот „речиси јавна тајна“.

Накусо, оценка на овој телевизиски пролог би била: Чиста пропаганда која не се воздржува ниту од ниски удари и отворени навреди насочени кон лица што ги „третира“. Дефинитивно, во овој случај нема ни „Н“ од новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести