Рецензија: Сузана Ал Сакини во облаци…
Објавено во Рецензии
on 5 - 11 - 2013 Автор: Тони ДимковФотомоделката и учесничка на Мис на светот во 2009 година, Сузана Ал Сакини (Салкини), често е присутна на страниците на печатените и електронските медиуми. Имајќи предвид дека станува збор за јавна личност чија најсилна карактеристика е нејзината убавина, сосема е разбирливо зошто таа го предизвикува интересот на медиумите. Проблемите се појавуваат кога за неа се објавуваат написи во кои нема нови информации и кога, дури и во таквите вести, ќе се употреби непрецизна терминологија.
Линк до оригиналниот напис: Сузана Ал Сакини во облаци…
Датум и време на објавување: 03.10.2013
Датум на рецензирање: 04.11.2013
Рецензент: Тони Димков
Вистинитост: Фактите поврзани со личноста на Сузана Ал Салкини се точни и веќе познати. Написот само потврдува нешто што веќе е познато.
Извори на информации: Единствениот извор искористен за написот е фејсбук-профилот на познатата манекенка. Цитатите што се употребени во написот се преземени од истото место. Бидејќи Фејсбук е приватна социјална мрежа сметаме дека информациите се неофицијални. Истите се употребени во контекст на целите на написот.
Содржајност: Минималното ниво на сеопфатност на веста е задоволено и нема обид за прикривање информации. Отворено останува прашањето колку објавената вест е – вест? Второто отворено прашање е поврзано со актуелната практика на преземање информации од приватни профили на Фејсбук и нивно пласирање во медиумите. Олеснителна околност во овој случај е што станува збор за јавна личност, но секако информациите не смеат да бидат објавени без согласност на сопственикот на профилот.
Во написот е употребената терминологија која не е доволно прецизна. Изразите „..летајќи со падобран“ и „..неколку часа уживала лебдејќи над..“ дефинираат две различни состојби. Во падобранството, како спортска дисциплина, е утврден терминот „скок со падобран“. Со падобранот не се лебди, туку истиот ја забавува брзината со која телото паѓа кон површината на Земјата. Падобранот со кој е можно да се лебди во воздухот е наречен параглајдер.
Коментирање: Со функција на коментари во написот се употребени неколку анонимни цитати од пријатели постирани на профилот на манекенката, а во контекст на нејзината страст по екстремните спортови.
Оригиналност/Плагијат: Информацијата е составена врз основа на податоци од Фејсбук. Авторот на текстот е наведен со иницијали.
Квалитет на насловот: Има обид насловот да биде досетлив. Со интерпункција е оставено дилемата да „лебди“ до моментот кога ќе биде прочитана содржината на текстот. Неговата цел не е да информира, туку да загатнува.
Фотографија: Фотографијата, како и другите информации во написот, е преземена од фејсбук-профилот на манекенката и не е наведено нејзиното авторство. Иако на фотографијата е личноста за која се однесува содржината на текстот, забуна кај читателите може да предизвика амбиентот во кој е направена истата. Според написот, дејството се случило над Дубаи, што не е очигледно од објавената фотографија. Според природниот амбиент лесно може да се помисли дека фотографијата е направена на локација во близина на Скопје. Не е спорно дали љубителката на екстремни спортови со параглајдер лебдела над Дубаи, но тоа не може да се види на употребената фотографија.
Заклучок: Во подготовката на вестите, дури и за забавните рубрики, неопходно е да се состави текст кој нема да внесе забуна кај читателите. Во овој случај, покрај добрите намери на авторот на написот, недостасува прецизност во изразувањето и во илустрацијата на содржината на текстот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови