verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Сузана Ал Сакини во облаци…

on 5 - 11 - 2013       

FireShot-Сузана-Ал-Сакини-во-облаци___-www_vecer_com_mk-crop-resize

Фотомоделката и учесничка на Мис на светот во 2009 година, Сузана Ал Сакини (Салкини), често е присутна на страниците на печатените и електронските медиуми. Имајќи предвид дека станува збор за јавна личност чија најсилна карактеристика е нејзината убавина, сосема е разбирливо зошто таа го предизвикува интересот на медиумите. Проблемите се појавуваат кога за неа се објавуваат написи во кои нема нови информации и кога, дури и во таквите вести, ќе се употреби непрецизна терминологија.

Рецензија: Сузана Ал Сакини во облаци...Линк до оригиналниот напис: Сузана Ал Сакини во облаци…

Датум и време на објавување: 03.10.2013

Датум на рецензирање: 04.11.2013

Рецензент: Тони Димков

Вистинитост: Фактите поврзани со личноста на Сузана Ал Салкини се точни и веќе познати. Написот само потврдува нешто што веќе е познато.

Извори на информации: Единствениот извор искористен за написот е фејсбук-профилот на познатата манекенка. Цитатите што се употребени во написот се преземени од истото место. Бидејќи Фејсбук е приватна социјална мрежа сметаме дека информациите се неофицијални. Истите се употребени во контекст на целите на написот.

Содржајност: Минималното ниво на сеопфатност на веста е задоволено и нема обид за прикривање информации. Отворено останува прашањето колку објавената вест е – вест? Второто отворено прашање е поврзано со актуелната практика на преземање информации од приватни профили на Фејсбук и нивно пласирање во медиумите. Олеснителна околност во овој случај е што станува збор за јавна личност, но секако информациите не смеат да бидат објавени без согласност на сопственикот на профилот.

Во написот е употребената терминологија која не е доволно прецизна. Изразите „..летајќи со падобран“ и „..неколку часа уживала лебдејќи над..“ дефинираат две различни состојби. Во падобранството, како спортска дисциплина, е утврден терминот „скок со падобран“. Со падобранот не се лебди, туку истиот ја забавува брзината со која телото паѓа кон површината на Земјата. Падобранот со кој е можно да се лебди во воздухот е наречен параглајдер.

Коментирање: Со функција на коментари во написот се употребени неколку анонимни цитати од пријатели постирани на профилот на манекенката, а во контекст на нејзината страст по екстремните спортови.

Оригиналност/Плагијат: Информацијата е составена врз основа на податоци од Фејсбук. Авторот на текстот е наведен со иницијали.

Квалитет на насловот: Има обид насловот да биде досетлив. Со интерпункција е оставено дилемата да „лебди“ до моментот кога ќе биде прочитана содржината на текстот. Неговата цел не е да информира, туку да загатнува.

Фотографија: Фотографијата, како и другите информации во написот, е преземена од фејсбук-профилот на манекенката и не е наведено нејзиното авторство. Иако на фотографијата е личноста за која се однесува содржината на текстот, забуна кај читателите може да предизвика амбиентот во кој е направена истата. Според написот, дејството се случило над Дубаи, што не е очигледно од објавената фотографија. Според природниот амбиент лесно може да се помисли дека фотографијата е направена на локација во близина на Скопје. Не е спорно дали љубителката на екстремни спортови со параглајдер лебдела над Дубаи, но тоа не може да се види на употребената фотографија.

Заклучок: Во подготовката на вестите, дури и за забавните рубрики, неопходно е да се состави текст кој нема да внесе забуна кај читателите. Во овој случај, покрај добрите намери на авторот на написот, недостасува прецизност во изразувањето и во илустрацијата на содржината на текстот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести