verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Соросов“ – епитет што го милува власта, ама овде е „паднат од небо“

on 24 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

republika-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија:  СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум]

 

Имаме кус напис кој требалo да претставува едноставно пренесување на соопштение на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), во кое остро се реагира на протестот на „Наставнички пленум“. Но, работата „забегува“ веднаш на почетокот и тоа во насловот. „Залепена“ е квалификација која целосно го изместува текстот и му дава сосема друга насока, би рекле партиско-политичка.

republikaЛинк до оригиналниот напис: СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум

Датум и време на објавување: 22.03.2015, 14:46

Датум на рецензирање: 23.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НАСЛОВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА „МАГИСТЕРСКА“ ПО МАНИПУЛАЦИЈА

 Прецизно, кусо, директно – ова се само некои од карактеристиките што треба да ги има секој новинарски наслов. Во конкретниот случај тоа не е така. Имаме класична злоупотреба и манипулација во насловната конструкција, која е така конципирана што од неа произлегува дека „Наставнички пленум“ навистина е, како што се тврди, „Соросов“ и дека тоа е официјална позиција на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Да тргнеме од првата пласирана теза – за да се каже дека некоја иницијатива, како во случајов пленумот, е „Соросова“, именувано според невладината организација, која, ама ич не е по ќеф на власта, треба многу докази, а не само тврдење кое со ништо не е аргументирано. Значи, треба малку повеќе новинарско истражување и факти. Конечно, проектите на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ или т.н. „Сорос“, се јавно достапни и во нив се гледа што и кој финансиски се помага. Во овие документи „Наставнички пленум“ го нема. Оттука, од каде поткрепа за обвинувањето „Соросов“ пленум?! Најверојатно, објаснувањето некој си го нашол во тоа дека сè што е против владините политики, тогаш мора да е Соросово – усвоен синоним за „антидржавен“ елемент. Значи, неаргументирано обвинување.

Втората теза што произлегува од насловот, е дека СОНК инсинуира оти „Наставнички пленум“ е „Соросов“. Но, ако внимателно се прочита соопштението на Синдикатот, ќе се види дека во него, да, има остри реакции за пленумот, но никаде не се вели дека е Соросов. Ова подразбира дека некој некому нешто става в уста, а тој тоа не го рекол. Интересно е дека станува збор за епитет што го милува власта и го користи за сè што не ѝ прави мерак во државава. Затоа, се враќаме на почетокот, каде напоменавме дека наместо само да информира, насловната конструкција добива политичко-партиска димензија. Значи, имаме сензационалност и тенденциозност наместо едноставна вистинитост во еден наслов.

Наспроти ова, треба само да цитираме дел од пристапот на „Би-Би-Си“ (BBC ) за тоа како треба да изгледа насловната конструкција:

„Умешноста во пишувањето на насловот е да ја привлечеш публиката без да бидеш сензационален.“

Сумирано, пример за тоа како еден збор во наслов може да нагрди цел текст. А, сѐ можело вака безопасно да заврши.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

бидејќи е соопштение, ја пренесува само едната страна

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести