verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лоша медиумска содржина со целосно изместено тежиште

on 25 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___wwwpress24mk_zaev-se-povekj-crop-resize

 

[Рецензија: Заев се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не прислушувала]

 

Веќе на прв поглед, насловот „Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала“, навестува дека на читателите им се подметнува тенденциозен и манипулативен текст. Всушност, се работи за уште еден од оние написи кои нагласено се трудат да ја амнестираат власта од аферата „Прислушување“ и да ја убедат јавноста дека тоа го правеле странски служби, се разбира, со помош на опозицијата!

http___www.press24.mk_zaev-se-povekjЛинк до оригиналниот напис: Заев  се повеќе се заплеткува и потвдрува дека власта не пруслушувала

Датум и време на објавување: 20.03.2015, 16:19

Датум на рецензирање: 24.03.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ДИРЕКТОРОТ НА УБК „ЖРТВА“ ВО „ПРИСЛУШУВАЊЕТО“!

Станува збор за материјал кој еден час претходно е објавен на друг медиум, а потоа целосно преземен од овој и од неколку други портали. Во текстот што го рецензираме, воопшто не се пренесува каква е содржината на „бомбата“ што ја објави Заев (19 март 2015 година), конкретно за какви разговори се работи и какви обвинувања искажа опозицијата.

Но, затоа во ова коментаторско четиво, како стопроцентна вистина се пласира паушалната информација дека материјалите се креирани, дека Заев се заплеткал во нив, дека власта не прислушувала, дека не прислушувал ниту директорот на УБК, Сашо Мијалков! И со невидена леснотија се соопштува дека:

„тој всушност е главната цел на странските служби и агентурната мрежа на Верушевски!“

Потврда за ваквите наводи се „креираните снимки  на Влатко Мијалков“, братот на директорот на УБК, и притоа се заклучува дека не е логично директорот на УБК да го прислушува својот брат. Притоа, со еден манипулативен пристап, директорот на УБК се претставува како жртва во целата афера, а како „крунски доказ“ за тоа се посочуваат „креирани материјали на Мијалков во кои тој разговара со анонимни личности во јавноста“.

„Снимките на кои СДСМ прикажува дека Мијалков разговара со лица кои не и се познати на јавноста, го дозаплеткуваат Заев и потврдуваат дека Мијалков е целта на прислушувањето.“

Меѓутоа, тезата што се форсира, вклучително и наводите дека се во прашање јавно неекспонирани личности, се прилично проблематични. Бидејќи, во конкретниот случај, се работи за две судијки, едната –  судија во Кривичниот суд, а другата во Вишиот управен суд. Така, тие не може да се третираат како „обични“ граѓани со оглед на фактот што извршуваат важна и одговорна јавна функција.

 

СПИНЕРСКИ ПРОИЗВОД СО ИЗМЕСТЕНО ТЕЖИШТЕ

Од овој спинерски производ никако не може да се разбере дека снимките, како што рече Заев, сведочат за спрегата меѓу Судскиот совет, Врховниот суд, МВР, УБК и обвинителството – институции кои според Уставот треба да бидат независни една од друга.

Лидерот на СДСМ тогаш експлицитно кажа дека тројца луѓе, премиерот, директорот на УБК и министерката за внатрешни работи, „го контролирале целосниот правосуден систем преку местење свои партиски кадри за судии и за јавни обвинители“. Телефонските раговори, пак, кои се споменуваат во текстот, како што кажа Заев, се на директорот на ДБК со кандидатки за судијки (во тоа време) и на неговиот брат, кој, наводно, бара ургенција (од поранешната судијка во Апелацискиот суд и сопруга на ексминистерот за правда) за предмет во Апелација, за што добива совет да се јави кај претседателката на Судот бидејќи  „е ептен наша“!

Овие моменти кои, несомнено, намерно се премолчани во написот, даваат сосема поинаква слика на проблемот од онаа која им се сервира на читателите.

Се добива впечаток дека и експертот, чие мислење е искористено во текстот, е вклучен за да ја потврди приказната дека „снимките се монтирани и дека сценариото на СДСМ ѝ носи огромни штета на државата“.

Па наспроти, професионални стандарди кои подразбираат дека граѓанска должност и основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите, на читателите им е понудена лоша медиумска содржина со целосно изместено тежиште.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

ја извитоперува

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести