verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ова не е новинарство: Наклевети, па напиши ќе видиме дали клеветава е точна

on 24 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

5.000-ЕВРА-Бранителите-го-обвинуваат-добива-5.000-crop-resize

 

[Рецензија: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?!]

 

Од авион може да се види дека овој текст е политички пристрасен и дека има цел да го дискредитира генералот Стојанче Ангелов и неговиот обид, како што тој самиот вели, „да ја преземе Македонската радио-телевизија“. Во текстот нема никакви извори туку само обвинувања на основа на разговор меѓу бранители на социјалната мрежа „Фејсбук“.

ЛЕСНО СЕ ПЛАЧЕ СО 5.000 ЕВРА  Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секој месец добива 5.000 евра од Заев     iNFOMAXЛинкуван наслов на анализираниот напис: Лесно се плаче со 5.000 евра: Бранителите го обвинуваат Ангелов дека секоја месец добива 5.000 евра од Заев?! 

Датум и време на објавување: 17.03.2015

Датум на рецензирање: 23.03.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

На социјалната мрежа „Фејсбук“, поранешни бранители го обвинуваат Стојанче Ангелов дека земал по 5.000 евра кеш од струмичката компанија „Еленица“, блиска на Зоран Заев.

Она што логички се наметнува како прашање во првиот пасус од текстот е кои се тие бранители и како наведената компанија „Еленица“ е поврзана со лидерот на опозицијата Зоран Заев?

Но, одговор на овие прашања нема никаде во текстот. Бранителите, кои се посочени во текстот и кои го обвинуваат Ангелов дека земал 5.000 евра за да организира протести пред МРТ, се анонимни, без име и презиме. Нема ниту изјава од некој од нив ниту, пак, е посочено на чиј ѕид на социјалната мрежа „Фејсбук“ била поставена ваква објава. Од сето ова, лесно може да се заклучи дека целиот разговор е измислен или дека можел да го напише кој било, односно тоа да не се бранителите.

Општо познато е дека на социјалната мрежа „Фејсбук“ секој може да отвори профил, па, според тоа, може да станува збор и за некаков лажен профил, а со самото тоа и лажна информација, за да се пушти „патка“ во јавноста, да се оцрни Ангелов и тој да се поврзе со лидерот на опозицијата. За ова, секако, нема никакви докази и факти.

„Во дискусијата се вклучуваат и неколкумина други бранители, кои тврдат дека информацијата е точна и дека Ангелов нудел и дневници во износ од 800 денари за секој што ќе дојде да протестира со него.“

И тука повторно не е наведено кои се тие бранители, туку се нагласени само обвинувањата против лидерот на Достоинство, за на крај авторот на текстот да напише дека „останува да видиме дали овие информации се точни“. Недозволиво во новинарството е новинарот да се повикува на некаков си разговор на социјална мрежа и од тоа да направи текст со сериозни обвинувања, без притоа да ги провери таквите информации изворно. Ако е така, секој може од милионите чаршиски разговори кои се вртат на социјалните мрежи да прави текст и да го пласира како сензационалистички за што поголема читаност.

Авторот би требало да ги контактира наводните бранители, да побара од нив официјална изјава, макар и анонимно, а потоа да побара изјава и од Ангелов. Тоа е задача и должност на новинарот, да го информира читателот, а не да чека да види дали информациите биле точни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести