verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија

on 14 - 03 - 2014       

dnevnik_mk_default_asp_ItemIDB0CF6CFC5BEEC9428D13A5AF111-crop-resize

Веќе во насловот интониран со видлива доза на сарказам: „Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија“,  се навестува каква приказна се плете во написот најавен на насловната страница на весникот.  Текстот ја проблематизира потребата  амбасадата на Кралството Норвешка во Белград  да  додели грантови за поддршка на професионалното новинарство во  Македонија, Србија и Црна Гора (30 гранта во висина од  3.000 до 10.000 евра во зависност од проектот), по повод  200 годишнината од донесувањето на норвешкиот Устав.

Материјалот што е предмет на оваа рецензија  е тенденциозно скроен. Тој ја става под прашалник искреноста  на намерите на Норвешка за финансиска поддршка на новинарски стории поврзани со владеење на правото. Што претствува голем срам и се граничи со безобразие. Норвешка, несомнено, важи за една од земјите кои со години и даваат најмногу донации на Македонија – и во пари и во опрема. И тоа речиси во сите сфери – здравство, образование, спорт, индустријалокална самоуправа

FireShot Screen Capture #217 - 'Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија' - dnevnik_mk_default_asp_ItemID=B0CF6CFC5BEEC9428D13A5AF1119A9E6

Линк до оригиналниот напис: Со помош до 10 илјади евра и Норвешка ќе глуми професор по новинарство во Македонија

Датум и време на објавување: 11.03.2014, 11:19

Датум на рецензирање: 12.03.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ТЕНДЕНЦИОЗНА КОНСТРУКЦИЈА

Фактите кои ги содржи написот се проверливи. Абасадата на Кралството Норвешка во Белград, објави Јавен повик за финасирање новинари, индивидуалци и тимови од Македонија, Србија и Црна Гора. Но, овој оглас е искористен за конструкција дека во заднината на целата работа, можеби, има некакви скриени намери. Текстот прозвучува како Норвешка да подготвува некакво „заговорничко сценарио“ против македонското новинарство.  Во тој контекст се споменуват и проектите  на Холандската амбасада за поддршка и развој на професионалните новинарски стандарди  (кои пред два месеца беа „сатанизрани“ во еден друг медиум).

Притоа, во написот што го рецензираме наменски се заклучува:

Овој пат се чини како сценариото да се повторува. Само што за Kралството Норвешка, македонските, заедно со српските и црногорските медиуми, се непрофесионални и немаат доволно капацитет да обезбедат соодветни информации какви што јавноста заслужува.

Интересно е што на крајот од текстот со зачуденост се поставува прашањето: Зошто норвешката Амбасада има таков впечаток и зошто изборот падна токму на Македонија, Србија и Црна Гора

Што имплицира дека слободата во информирањето во Македонија е на едно високо ниво, дека новинарите ја негуваат слободната мисла, не се соочуваат со цензура и притисоци, а нема ниту драконски судски казни и затворање на новинари!

 

СПИНУВАНА ВИСТИНА

Иако текстот се темели на огласот на Амбасадата на Норвешка, тој е едностран. Ваквиот впечаток не се менува ниту со информацијата: дека биле доставени прашања на интернет адресата за контакт и медиумот добил уверување дека ќе добијат одговор, „ама до затворањето на весникот ништо не стигнало“. Но, нејасно е зошто било брзањето да се објави текстот, кога не станува збор ниту за итна, ниту за некаква ексклузивна информација. Имено, конкурсот е веќе објавен во јавноста и не е завршен, туку трае до 24 март. Така што, текстот можел  да се одложи некој ден.

Инаку, прашањата издвоени во посебна рамкафактички го коментираат споменатиот оглас, а дел од нив се така срочени што веќе содржат заземен став:

…. колку реално можат да направат паричните грантови од Kралството Норвешка нештата да се променат? Или идејата е само да се критикува и навидум да се дејствува на терен за да исполни агендата?

Написот ја спинува вистината и нема намера да даде објективен приказ за тоа што ја натерало оваа скандинавска земја да посака да помогне во зајакнување на професионалните стандарди  во македонското новинарство. Не е тешко да се заклучи зошто се има таков пристап и на која страна натежнува „вагата“.

 

НОВИНАРСТВОТО НА НИСКИ ГРАНКИ

Наднасловот и насловот му даваат навредлив тон на целиот текст.  Во нив се иронизира дека  Холандија и Норвешка се загрижени за македонското новинарство,  што е недолично. Дотолку повеќе што станува збор за земји кои се пријателски настроени кон Македонија. Формулацијата „ Норвешка ќе глуми професор по новинарство“ во најмала рака е неумесна и делува невкусно.

Се добива впечаток дека текстот просто стравува од  можноста и македонски новинари да се вклучат во истражувачки проекти со колеги од други држави, да користат странски искуства и да се усовршуваат во професијата. Во однос на „големата“ дилема што се поставува во написот: зошто Кралството Норвешка смета дека е нарушен професионализмот во македонското новинарство,  доволно било да се погледне последниот Извештај на Репортери без граници, според кој „паѓа индексот на слобода на медиуми во Македонија  и таа е рангирана на дното на листата“. А, самиот напис, за жал, е најдобар доказ  на какви гранки  е спаднато македонското новинарство, колку се независни медиумите и колку е, всушност,  добредојдена најавената  донација од Норвешка за поткревање на професионалните стандарди. 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести