verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредлив тон и олицетворение на невкус

on 21 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___vistina.mk_2015_04_17_selskio-crop-resize

 

[Рецензија: Селскиот месија од Муртино: Господ ме зема од нива и ме прати по овој пат (ВИДЕО)]

 

На читателите им е понудена наменски конструрирана содржина во која се исмејува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ваквата тенденција се забележува уште во насловот, кој има навредлив тон и претставува олицетворение на невкус.

http___vistina.mk_2015_04_17_selskioЛинк до оригиналниот напис: Селскиот месија од Муртино: Господ ме зема од нива и ме прати по овој пат (ВИДЕО)

Датум и време на објавување:  17.04.2014, 12:41

Датум на рецензирање: 18.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НАМЕСТО ИНФОРМИРАЊЕ, ИСМЕЈУВАЊЕ

Станува збор за кус материјал  од неколку зајадливи реченици испишани за да се понижи шефот на опозицијата.  За таа цел е искористен неговиот настап на една охридска телевизија (16 април 2015 година), при што од речиси едночасовеното интервју на Заев е исечено парче од десет секунди, со кое тој намерно се става во еден потсмешлив контекст.

„Јас сум човек од село Муртино, Струмичко. Пред некој дваесет години работев по полето, најверојатно Господ  не ме црпна таму од нивите и ме донесе овде за така низ вода да ме пушти.“

А, всушност,  се работи само за  фрагмент од две реченици од  опширниот одговор на Заев ( 31,13 минута до 34,50 минута од видеозаисот) на прашањето на  водителката (31,08 до 31,12 минута од видеозаписот):  „ … дали чувствува реперкусии поради објавувањето на бомбите и дали можеби во некој момент се покајал што започнал со сето ова?“ Каде што  Заев, меѓу другото,  вели  (31,18 минута од видеозаписот) дека во целиот овој период власта  ги употребила  сите механизми против него и неговото семјество, но никогаш не успеала да го одврати од желбата да биде силен опозиционер и да се бори за доброто на државата.

„…И  не знам што секој ден ми местат. И нека местат. Господ да ми дава памет и да ме чува да не некои вакви извитоперени планови  им се реализираат. Но,  и да се реализираат, некакво притварање, нешто друго да се случи, јас сум само прв меѓу еднаквите. Има други луѓе кои ќе го продолжат процесот, тој протокол е обезбеден уште пред Нова година (2015) нема баегање од тоа.“ (од 33, 28 до 33,50 минута)

 

„…Така што нема бегање од вистината, вистината е таа. А, ова што се случува е огромна чест, најверојатно дадена од Бога. Јас сум човек од село, од село Муртино, Струмичко. Пред некои 20 години работев по полето. Најверојатно Господ и не ме црпна таму од нивите, ме донесе овде, за така низ вода да ме пушти. Само се движам искрено и исконски воден најверојатно по неговиот пат со целосно отворено срце  и знам дека целта ќе ја постигнеме.“ (од 34,20 – 34,50 минута )

Но, очигледно дека овој некоректен материјал намерно  се фокусира само на делот од десет секунди – од  34,29 до 34,39 минута  од видеозаписот. Истовремено,  ја извртува поентата на кажаното, манипулира и се подбива со Заев. Пристап кој се коси со стандардите на етички исправното новинарство, кои налагаат навинарите при пренесувањето на информациите да бидат чесни, објективни и точни, да се држат до вистината и да настојуваат да го спречат искривувањето на вестите. Во овој случај, веројатно, многу посилна била желбата да се омаловажи опозицискиот лидер.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести