verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Секоја 15-та Македонка е фригидна

on 25 - 12 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Секоја-15-та-Македонка-е-фригидна-Press24-crop-resize

 

Чувството кога медиумите ќе ви влезат во кревет – во овој случај за да ги пребројат фригидните жени и импотентните мажи и да ве тешат дека, сепак, Македонија не е најлоша во регионот. Направен е обид да се известува за интимен проблем „без влакна на јазикот“ на површен начин. Не е земено предвид дека станува збор за чувствителна тема, па така состојбите што се опишуваат се дефинирани како болест и се нудат рецепти за „лечење“ со една единствена изјава од компетентен извор и со коментари на непознат автор.

Секоја 15 та Македонка е фригидна   Press24Линк до анализираниот напис: Секоја 15-та Македонка е фригидна

Датум и време на објавување: 23.12.2014

Датум на рецензирање: 24.12.2014

Рецензент: Александар Пешев

Можеби мислите дека за мир во куќа треба леб на маса, пари за трошоци, разбирање меѓу членовите… Грешите. Според оваа објава, клучот на среќата е во пантолоните.

„Eкспертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот.“

Тешко е да се утврди дали наодите се точни ако се земе предвид дека пребројувањето на мажи со еректилна дисфункција и на жени со проблеми со интимноста не е поткрепена со извор. Поточно, не се знае од каде се добиени податоците за да се провери нивната веродостојност. На непроверените информации се дополнува изјава од еден соговорник, кој ги констатира евидентираните состојби.

Сеопфатноста не е задоволена бидејќи нема изјава од психолог, иако на тоа се повикува:

„Често болеста може да биде од психичка природа, за што неопходно е консултација од психолог.“

Се создава сомнеж дека текстот е напишан за да се промовира комерцијална интернет-страница. Коментаторските елементи се присутни во форма на совети кои задираат во интимнит живот на читателите, што не е функција на медиумите, со исклучок на таблоидите.

„Ако сексот им е важен на двајцата, двајцата треба и да се погрижат тој да се случи како што треба.“ 

Ако не се знае кој ги дели советите, може да се претпостави дека истите се тврдења на авторот. Новинарот не смее да тврди или да коментира, а уште помалку да се стави во улога на психотерапевт кој ќе дели стандардизирани совети како решенија за потенцијално индивидуални проблеми.

Станува збор за целосна копија, но не се знае кој од кого препишувал. Написот во речиси идентична форма е објавен и на интернет-портал на ТВ-станица со национална концесија и во дневен весник. Насловот е информативен, но содржи елементи на полова дискриминација. Жените се издвоени како фригидни, а импотенцијата кај мажите се третира само во телото на објавата. Нема автор на фотографијата што се користи во копиите од оваа објава во уште неколку медиуми.

Секако, медиумите се клучни во разбивање на општествени табуа, но прашање е дали делењето совети и пребројувањето лица со интимни проблеми е соодветен пристап кон проблематиката што се третира. Ваквата тема можеби бара дополнително истражување околу причинителите на интимните проблеми меѓу пошироката популација, но за тоа се поповикани медицинските лица и експертите за ментално здравје, а не интернет-порталите, телевизиите и весниците.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести