verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Се продлабочува јазот во СДСМ, популистите на една, елитистите на друга страна

on 18 - 11 - 2013       

Се продлабочува јазот во СДСМ  популистите Сител Телевизија-crop-resize

Нов текст за „изгубената македонска опозиција“, кој за разлика од своите претходници овојпат нуди „свежа“ интерпретација за состојбата кај социјалдемократите, за кои од порано сме бомбардирани со информации дека се поделени, ама овојпат, според тазе класификација, на популисти и елитисти. Според политичката теорија популизмот и елитизмот стојат еден наспроти друг. Популистот тврди дека се залага за обичниот граѓанин, а елитизмот пак, според дефинициите, претставуваа владеење на елитата. Поделбата „ние сме од народот за народот, а вие ги заборавивте граѓаните“ се формулации многупати повторени од политичките говорници во изминатите години. Вообачен политички декор за земјава, би рекле. Но, што ако во позиција на класификатор се појави медиум? Е тогаш за такво нешто потребни се цврсти аргументи, поткрепени со релевантни извори и „тешкаши соговорници“ од политичката сцена. Во овој текст такви елементи нема.

Се продлабочува јазот во СДСМ  популистите Сител ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Се продлабочува јазот во СДСМ, популистите на една, елитистите на друга страна

Датум и време на објавување:  14.11.2013 – 17:54  

Датум на рецензирање:  15.11.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

 Вистинитост: Веќе во првиот пасус се настапува со цврсто тврдење, кое наводно треба да биде аргументирано со, вообичаено, анонимен извор. Во вториот пасус пак се поставува основната теза на текстот за раскол со формулациите:

„Додека партијата е растрчана на терен и се обидува да си обезбеди повеќе гласачи, елитистичкото крило во Скопје крои различни стратегии. Додека Заев шеташе по штиспките улици, Оливер Спасовски во Кратово, а Узунов во Градско Советот на СДСМ предводен од Мирослав Грчев од Скопје меѓу 4 ѕида кроеше стратегија за соборување на власта“.

Нели и шетањето на опозицијата на терен по гласачи и „кроењето стратегија меѓу четири ѕидови“ има една иста цел – да се убедат граѓаните во понудената програма која преку избори би добила легитимет! За каква огромна разлика меѓу опозиционерите и нивните концепти тогаш тука се зборува? – Одговор не се добива ниту во натамошниот дел од текстот каде обидите да се потврди вистинитост на сервираните тези буквално се губат во дополнително и изнасилено новинарско форсирање на сосема друго прашање – политичкиот консензус во земјава.

Извори на информации: Пак се повторува приказната за „анонимен партиски извор“ – формулација која речиси секогаш се употребува кога станува збор за теми поврзани со опозицијата и нејзините внатрешни состојби. Се забележува и употребата на терминот „експерти“, повторно неименувани, кои, пак, за потребите на пласираните тврдења, анализираат „кој, што сакал да каже“. Јасно е прецизиран еден соговорник, чија изјава не ја компензира потребата за ваков тип на текст, од барем плус кредибилен аналитичар.

Содржајност: Се забележува повеќе присуство на забавност во текстот, отколку негова содржајност. Отсуствува вистинска анализа за тоа какви се чекорите на опозицијата и колку тие ќе наидат на поддршка кај граѓаните. Сигурно поголема тежина би се добило ако се направел обид да се консултираат и луѓе кои добро ја познаваат областа на јавното мислење.

Пристрасност: Неизбежен е впечатокот дека една страна е фаворизирана, што можеби било и мотив повеќе за да се направи ваков прозивод.

Коментирање: Присутните облици на коментари, иако не претерано изразени, интегрирани се во текстот, провејуваат низ него и го дополуваат „вкусот на вмешани готвачи“, ама политички.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички, наменет да ја намами публиката, но истовремено е и сугестибилен, ја „тера водата на својата воденица“.

Фотографија: Би се рекло дека употребената фотографија не е целосно коректна, бидејќи на неа една од двете личности воопшто и не е спомената во текстот. Најверојатно се сакало со фотографијата да се прикаже дел од раководството на партијата, но тоа можело посоодветно да се направи.

Заклучок: Текстот не е дораснат на задачата која си ја поставил: аргументирано да докаже дека постојат струи во опозицијата кои не само што се спротвставени, туку имаат и сосема различна политичка поставеност што, како што се сугерира во оваа „сакам да бидам“ анализа, е рецепт за тотално фијаско на наредните избори.

Дополнително, читајќи го по неколупати текстот, всушност се доаѓа до главната фалинка: Тоа што сакало да се каже е дека има наводен јаз меѓу популистите и т.н. „салонци“ во опозицијата, бидејќи се зборува за едни кои трчаат на терен и други кои од штабот дебатираат за политика. Ама, ете излегло дека се измешани лончињата: популисти, елитисти, салонци, теренци, консенузалисти, итн. (Не)намерно!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

делумно

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

насочува со тенденција

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

делумно

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести