verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Кој рече дека се криминалци?

on 18 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Gazeta LAJM Kriminelet shkupjan plackiten 76 banesa ne Selanik-crop-resize

Во дискурсот што го поставува авторот на написот, на читателот му е тешко да разбере дали се работи за тројца осомничени за ограбувања, или пак за криминалци организирани во криминални банди.

 

Пишува: Аурора Караметидоктор на информатички и комуникациски науки

 

Криминалци ограбија 76 стана во Солун“ (преводот на веста на македонски јазик можете да ја најдете овде) се вели во веста, која се повикува на грчкиот неделник „Прото Тема“. Една бомбастична вест со не многу текст, но која во своето тело содржи големи проблеми на врамување и професионално пишување на вестите. Етикетирањето и непочитувањето на правото презумпција на невиност се двете најголеми прашања за дискусија кои што се поставуваат во оваа вест.

Авторот на веста, уапсените лица ги етикетира како „криминалци“, за кои во веста се вели дека се „осомничени“ за ограбување на становите. Оваа противречност при презентацијата на фактите излегува на виделина уште во првата реченица

„Солунската полиција уапсила тројца криминалци од Скопје, кои се сомничат дека извршиле кражби“.

Во написот нема други елементи или аргументи што би го оправдале или би го поддржале именувањето на осомничените како „криминалци“. Исто така, не се наведува дали „тројцата криминалци од Скопје“ се наречени на тој начин од грчкиот весник, заради неколкумесечното ограбување на станови со Солун, или, пак, се оквалификувани како „криминалци“ од полицијата во Скопје.

 

„Криминалци“, „соработници“ и „банди“

 

Се вели дека „се уапсени и двајца нивни соработници од Македонија“, но овој израз останува половичен без да се потпре на информации дали овие соработници имале врска со ограбувањата на становите во Солун, дали се уапсени во Грција или во Македонија, дали се фатени од грчката или македонската полиција, итн. Овие информации стануваат неопходни заради коректноста на известувањето, затоа што во написот, откако се зборува за апсењето на „криминалци, ограбувачи“ и нивните „соработници“, се зборува и за „банди“. Во дискурсот што го поставува авторот на написот, на читателот му е тешко да разбере дали се работи за тројца осомничени за ограбувања, или пак за криминалци организирани во криминални банди.

Веста на го почитува правото на пресумпција на невиност на овие три лица од Скопје, кои што во моментот само се осомничени од полицијата, но кои во веста се претставени како „криминалци“, без да се наведе дали ова етикетирање во вид на обвинение е направено од грчката или македонската полиција, од грчкиот весник, или од самиот весник кој што ја пренесува веста за македонските читатели. Доколку осомничените за ограбувањата на крајот на истрагата излезат како невини, како ќе се оправда нивното етикетирање како „криминалци“ организирани во „банди“?

Зборот „банда“ е употребен во множина (една банда – неколку банди) што значи дека станува збор не за една, туку за повеќе такви групации. Не е дадено ниедно дополнително објаснување за дискурсот на оваа историја, кое би можело да фрли светлина над можното организирање на уапсените лица кои се осомничени за кражби во една или повеќе криминални банди.

 

Од каде доаѓа етикетирањето?

 

Веста би добила на вредност доколку ги исполнеше критериумите за точност и веродостојност на податоците. Доколку во овој дискурс се наведеше на професионален начин, изворот на веста, значи во овој случај написот на грчкиот весник „Прото Тема“, со сите потребни референци (датум на објавување, број на страна и името на авторот) и/или линкот до он-лајн верзијата на написот, веста би претставувала едно информативно четиво со голем интерес за читателот, како информација која е преземена од медиум на една странска земја на јазик што малкумина може да го прочитаат, за разлика од јазиците како англиски, француски, германски, итн., на кои што еден дел од населението консумира вести.

Во случај на потполно повикување на оригиналната вест, оваа вест би можела да се постави на една друга рамка и да се напише со еден друг пристап, каде би се истакнале одредени елементи, како, на пример, дали има сознанија дека осомничените се фатени на дело – ограбувајќи, или не, дали ова била заедничка операција на полициите на двете земји, на кои извори се повикува грчкиот весник, дали се очекува уапсените да бидат екстрадирани или ќе бидат осудени во Грција, итн.

Етикетирањето на осомничените скопјани за ограбување како „криминалци“ и членови на „банди“, на некој начин го претпоставува и резултатот на судскиот процес против нив. Ако ова етикетирање го прави грчкиот весник, или грчката полиција, тогаш ова требаше да се наведе во верзијата на веста за македонскиот читател. Но, одлуката на судот за неколкумина осомничени за кражба, се конципира сосема различно од одлуката на судот за една криминална банда. Со ова етикетирање на ликовите на настаните што се случиле во Солун авторот на веста сугерира судска одлука со соодветна казна за една „криминална банда“.


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести