verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст по принцип „кој поверува – поверува“

on 25 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

zaev-izbori-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни]

 

Уште една невистина е изнесена во овој текст, иако тезата можела многу лесно да се провери. Сепак, тоа не е сторено и е оставено на тоа „кој поверува – поверува“. Многупати досега и СДСМ и претседателот на партијата, Зоран Заев, соопштиле која е целата вистина, но во написот не се нашло за потребно да се пренесат мислењата и текстот да биде барем објективен, за разлика од овој кој е несодржаен, невистинит, необјективен, без новинарски стандарди направен производ, кој сака да биде третиран како новинарски.

zaev izboriЛинкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни

Датум и време на објавување: 20.06.2015, 14:26

Датум на рецензирање: 22.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„СДСМ по првичните преговори се огради од договорот и челниците на партијата го нападнаа Јоханес Хан. Потоа одлучија да поставуваат ултиматуми, да даваат рокови и да избегнуваат каков било коментар за она што беше договорено на 2 јуни.“

Иако безброј пати Заев дал изјава за тоа дека не се прифаќа никаков договор без оставка на премиерот Никола Груевски, текстот повторно си вергла своја стара приказна. Така и овој пасус. Уште со почетокот на објавувањето на таканаречените „бомби“, Заев јавно рече дека прв и главен услов за решение на политичката криза е Груевски да си замине. Затоа, нејасно е зошто текстот, како и други провладини медиуми, ја туркаат оваа теза кога јасно е како бел ден што рекол претседателот на СДСМ.

Тој и вчера, во последното интервју дадено за „Револуционер“, изјави дека договорот од 2 јуни нема да важи ако Груевски не си даде оставка.

„Очекувам, во интерес на граѓаните и на обезбедувањето услови за фер и демократски избори, на 29 јуни да продолжиме каде што застанавме во Брисел. Тоа значи, тргнувајки од разумните аргументи, да се согласиме дека Никола Груевски мора да се повлече најмалку шест месеци пред изборите. Во спротивно, сè друго паѓа во вода и ние ќе продолжиме со засилено вонинституционално дејствување сè до реализацијата на конечната цел, враќањето на слободата и демократијата во Македонија.“

Поради тоа не држи вода тезата дека „опозициската партија на чело со струмичкиот градоначалник не држи до своите ставови. СДСМ постојано се предомислува и дејствува конфузно.“

Тој уште од почетокот го има истиот став, кој е непроменет.

Понатаму текстот е коректен. Точно е пренесено соопштението од Европската комисија која ја поздрави последната лидерска средба.

Текстот има само една цел. Да се омаловажи претседателот на СДСМ, но тоа се прави на неумесен начин. Не е првпат да се пишуваат вакви текстови. Исто така, не е првпат да се прави и рецензија за нив. Работа на новинарот не е да измислува и да се занимава со невистина. Токму напротив, новинарот мора да е објективен и главната задача да му биде вистината. Другото е јасно. На читателот му останува да верува или не на вакви текстови кои гo потценуваат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести